Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе биде апсолутен победник на локалните избори
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе биде апсолутен победник на локалните избори
ПОЛИТИКА

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе биде апсолутен победник на локалните избори

Објавено February 9, 2025 14:02
Сподели
Сподели

Јас сум реален оптимист дека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата која што ќе ја предводи ќе биде апсолутен победник на локалните избори кои треба да се одржат во првата половина на октомври, годинава, вели премиерот Христијан Мицкоски и се повика на партиските анкети на јавното мислење според кои нивната предност е 4:1 во однос на вторангираната партија.

-Очекувам за нешто повеќе од седум месеци од денеска да отпочне официјално кампањата, таму некаде првата половина на октомври да се случи првиот и вториот круг на локалните избори. Јас сум реален оптимист дека коалицијата што ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ ќе биде таа која што ќе биде апсолутен победник, врз основа на мерењата која што ние ги имаме. Сега ќе видиме на терен како ќе биде и каква е волјата на граѓаните. Но ние правиме редовно секој месец, најмалку две, а понекогаш и три мерења на јавното мислење преку одредени атрибути кои што ги тестираме преку одредени политики, да видиме дали сме на прав пат или не сме. И ценам дека досега од тие бројки кои што ги имаме од месец во месец сме се подобри. Јануари беше подобар од декември кој што беше најдобар. На последната теренска анкета која што ја добив рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија беше над 30 проценти, а втората партија беше со рејтинг од 6,8 проценти. Така што сега ако порано зборувавме за предност од 3:1, сега е повеќе од 4:1, и очекувам тој тренд да расте до одредено ниво и потоа да се стабилизира бидејќи ќе биде исцрпен капацитетот, тоа е волуменот на гласачи, рече Мицкоски на новинарско прашање по стартот на реконструкција на сквер во Општина Аеродром.

Што се однесува до имињата на потенцијалните кандидати за градоначланици, во тек е внатрепартиската процедура, при што како што нагласи, ќе биде земено предвид мислењето на членството, како и мислењето на граѓаните, од кое ќе се направи симбиоза по што ќе излезат со имињата на кандидатите пред органите на партијата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Месецов нова инвестиција со 200 работни места
Следна Статија Тошковски: Ќе има нов пристап за сообраќајни прекршоци преку СМС известувања и камери на црни точки

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Заврши со писмата: Ахмети сега преку видео му праќа порака на Мицкоски

Лидерот на ДУИ Али Ахмети преку монтирано видео објавено на својот профил на Фејсбук му одговори на премиерот и лидер…

October 30, 2024
ПОЛИТИКА

ДУИ до Филков: Тргнете ги рацете од судството и обвинителството

ДУИ до Филков упати остра политичка порака по неговата денешна изјава за одлуката Артан Груби да добие куќен наместо ефективен…

February 24, 2026
ПОЛИТИКА

Филипче: Граѓаните ќе платат дополнителни 20 милиони евра за камати од скапите задолжувања

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција обвини за скапите задолжувања на Владата дека ќе ја чинат државата дополнителни…

May 23, 2026
ПОЛИТИКА

Ѓорѓиевски: Скопје нема време за експерименти, потребна е работа и резултати

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, вчера упати благодарност до граѓаните на Чаир за поддршката и…

October 26, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?