Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ДИК ги потврди новите градоначалници на Гостивар, Врапчиште, Маврово Ростуше и Центар Жупа
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > ДИК ги потврди новите градоначалници на Гостивар, Врапчиште, Маврово Ростуше и Центар Жупа
ПОЛИТИКА

ДИК ги потврди новите градоначалници на Гостивар, Врапчиште, Маврово Ростуше и Центар Жупа

Објавено January 14, 2026 18:11
Сподели
Сподели

Државната изборна комисија (ДИК) на денешната седница ги потврди имињата на Ваљбон Лимани и Исен Шабани од Национална алијанса за интеграција, Онер Јакуповски од коалиција „Твоја Македонија“ и Аријан Ибраим од Демократската партија на Турците, за нови градоначалници на општините Гостивар, Врапчиште, Маврово Ростуше и Центар Жупа.

Потпретседателот на ДИК, Абдуш Демири кажа дека Комисијата ги задолжува општинските изборни комисии да постапат според Изборниот законик и веднаш да ги објават конечните резултати од гласањето одржано на 11 јануари.

Ангелчо Ристов од ДИК се осврна на гласачкото место во Гостивар, каде не било спроведено гласање.

– Пред да пристапи Комисијата кон објава на конечни резултати, ДИК мора да донесе одлука за не спроведување на гласање на избирачкото место 0782 за општина Гостивар, на кое избирачко место на 11 јануари во согласност со членот 104 и став 2 од Изборниот законик, поради лошите временски услови, не беше спроведено гласање, појасни Ристов на почетокот на седницата.

Тој рече дека на ова избирачко место биле запишани само 23 лица со право на глас, а можело да се утврди дека на бројот на запишани гласачи, не влијае – врз однос на остварените резултати кон кандидатите за градоначалник на општината.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Гласањето на дијаспората треба да се разгледува заедно со една изборна единица
Следна Статија Грипот ја зеде првата жртва годинава – почина жена на Инфективна клиника

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Голема победа на Санае Такаичи: Јапонските акции растат по изборите

Владејачката Либерално-демократска партија и коалициониот партнер Јапонска иновативна партија освоија мнозинство места во долниот дом на јапонскиот па

February 10, 2026
ПОЛИТИКА

Ѓорѓиевски најави изградба на Културен дом „Есма Реџепова“ во Шуто Оризари, како и инвестици во инфраструктурата

Денес сме во Шуто Оризари – уште една скопска општина која е дел од нашата визија за современо, рамномерно развиено…

October 8, 2025
ПОЛИТИКА

Филипче од Радовиш: Со градоначалните на ВМРО-ДПМНЕ општините се запуштени, граѓаните разочарани

После четири години од мандатите на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ, општините се запуштени, граѓаните разочарани – посочи претседателот на СДСМ, д-р…

September 4, 2025
ПОЛИТИКА

Филипче: Владата на Мицкоски создаде хаос во пензисикиот систем, пензиите ги доведе во ризик

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче на денешната прес-конференција нагласи дека за година и пол владата на…

November 29, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?