Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (ВИДЕО) Четворица загинати во пожар во фабрика за бисквити во грчкиот град Трикала
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > (ВИДЕО) Четворица загинати во пожар во фабрика за бисквити во грчкиот град Трикала
БАЛКАН

(ВИДЕО) Четворица загинати во пожар во фабрика за бисквити во грчкиот град Трикала

Објавено January 26, 2026 19:24
Сподели
Сподели

Безживотните тела на четири лица биле пронајдени за време на гаснењето на пожарот што околу 4 часот утрово избувна во фабриката за производство на бисквити „Виоланда“ во грчкиот град Трикала, додека пак неофицијално исчезната е уште една вработена, а полесно повредени се седум лица, јави дописничката на МИА од Атина.

Според локалните медиуми, пожарот избувнал по експлозии во подрумот за време на ноќната смена со 13 вработени во погонот за производство и печење бисквити, а причините засега се непознати.

Експлозиите, според истите информации биле толку силни што се слушнале и во околните села и во центарот на Трикала што е на околу шест километри од фабриката.

Од противпожарната служба на Грција соопштија дека во гаснењето на пожарот учествуваат 53 пожарникари со 16 противпожарни возила, едно специјално возило, две спасувачки екипи, екипа со дрон, девет помошни возила, а помагаат и цистерни од општината, а при гаснењето „беа пронајдени четири тела на лица со засега непознат идентитет“.

Додадоа дека за несреќата активирана е надлежната Единица за истрага на кривични дела на подметнување пожар.

Процените во Грција се дека од пожарот е уништен голем дел од фабриката.

Министерот за здравство на Грција Адонис Георгиадис, рано утрово говорејќи за телевизијата „Скај“ рече дека во болницата во Трикала се пренесени шестмина вработени и еден пожарникар, сите се во добра состојба, генерално со проблеми со дишењето.

Грчкиот премиер Кријакос Мицотакис на денешната владина седница, неговото обраќање го започна со несреќата во Трикала изрази од негово име и од име на целата Влада сочувство до семејствата на жртвите.

– Екипа на Противпожарната служба веќе ги истражува причините за оваа трагедија, со цел да дознаеме што точно се случи и да се утврди одговорност онаму каде што има, рече Мицотакис.

Од „Виоланда“ преку соопштение објаснија дека во објектот на фабриката пожарот избувна за време на ноќната смена, од засега непозната причина.

– Во овој момент, нашата единствена грижа се нашите луѓе. Стоиме покрај нив и нивните семејства и правиме сè што е возможно за да ги поддржиме. Паралелно, целосно соработуваме со надлежните органи и им обезбедуваме секаква достапна помош, соопштија од фабриката.

Според грчките медиуми, денешната ноќна смена била со намален број вработени, бидејќи синоќа, фабриката организирала сечење на новогодишната „василопита“, односно питата со паричка, што во овој дел од годината традиционално се одржува во речиси сите фирми, компании, фабрики и сл во Грција.

Почетоците на „Виоланта“ се од мала пекара во населба во Трикала, каде што производството на квалитетни печива и леб се збогатило со слатки, по што се родила и фабриката, а единствената визија била создавање и производство на квалитетни, оригинални, но и традиционални колачиња и бисквити.

Сега, „Виоланда“ има три фабрики, две во близина на Трикала и една кај Лариса, со околу 250 вработени и над 200 производи.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Вучиќ: Годинава одиме на избори
Следна Статија Од 15 до 500 евра: МВР ги објави казните од „Безбеден град“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Мајка на еден од загинатите во Нови Сад почнува штрајк со глад

Мајка на 16-годишно момче кое загина во падот на бетонската настрешница на железничката станица лани во Нови Сад објави дека…

November 1, 2025
БАЛКАН

Австрија и Германија воведоа забрана за влез на Милорад Додик

Австрија и Германија воведоа забрана за влез на водачот на босанските Срби, Милорад Додик. Покрај него, забраната важи и за…

April 4, 2025
БАЛКАН

ВО КОЛАТА НОСЕЛ ПОЗЛАТЕНИ КАЛАШНИКОВИ! Кој е осомничениот за убиството што ја фрли Словенија во хаос

Словенија сè уште е потресена од случајот на насилство што се случи во раните утрински часови во саботата, поради кој…

October 28, 2025
БАЛКАН

Бугарија и Романија целосно влегуваат во Шенген од 1 јануари 2025 година

Советот на ЕУ денеска одлучи проверките на копнените шенгенски граници на Бугарија и Романија да бидат укинати од 1 јануари…

December 12, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?