Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (ВИДЕО) Чија е одговорноста за катастрофата со водата за пиење во Гостивар, праша Филипче
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > (ВИДЕО) Чија е одговорноста за катастрофата со водата за пиење во Гостивар, праша Филипче
ПОЛИТИКА

(ВИДЕО) Чија е одговорноста за катастрофата со водата за пиење во Гостивар, праша Филипче

Објавено July 21, 2026 18:00
Сподели
Сподели

Со неколку пакети помош денеска посетивме повеќе семејства на социјално загрозени категории граѓани, постари луѓе, пензионери и тоа ќе продолжиме да го правиме и во следните денови – изјави денеска од Гостивар претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

​Тој истакна дека посетата на Гостивар нема цел да го политизира прашањето, како што од ВМРО-ДПМНЕ сакале да ги обвинат, туку, како што рече, имале цел да им помогнат на неколку категории граѓани.

– Очигледно е дека се во прашање елементарните човекови права, граѓански права, а тоа е правото на здравје и во тој контекст е и здрава пивка вода – рече Филипче.

Тој на денешната прес-конференција постави и неколку прашања до институциите, меѓу кои и чија е одговорноста за катастрофата со водата за пиење во Гостивар, како и зошто водата не се испитувала секој ден.

​- Понатаму, зошто кога се случил наплив на пациенти во болницата, не се истражило добро на што се должи тој зголемен број на пациенти во болницата, па уште порано да се реагира. ​Зошто ништо не се направило од страна на здравствените власти, да се изменаџира прашањето епидемиолошки, да се анализира од каде доаѓаат симптомите, на што тие се должат. ​И кој сега ја менаџира состојбата кога нема директор на јавното претпријатие – праша Филипче.

​Тој го посочи и проблемот со рестораните во Гостивар, кои во овој период од годината се исполнети поради свадби или други семејни свечености. Праша каква вода користат и смета дека ова е многу важно бидејќи граѓаните треба да имаат информации дали е исправна техничката вода.

-​ Зошто е ова битно сега во овој момент? Поради тоа што, ако и сега се користи неисправна вода, се заканува уште поголема опасност, а тоа е труење со храна. Зато што, ако храната не се мие и не се третира соодветно, има труење со храна. Следно – болеста на нечисти раце, хепатитот А, ако сега повторно се користи неисправна храна, има ризик од нова болест, нова епидемија. ​Тоа се прашања од јавен карактер, од јавен интерес. Не може здравствените власти, Министерството за здравство, министерот, премиерот да молчат за овие прашања. Треба јавно да ги објават резултатите од контролата и сите параметри на водата, како биле, во кои денови – вели Филипче.

Лидерот на СДСМ додаде дека човеково право е вистински, навремен пристап до јавни информации.

– Оставени во ваква ситуација, кога овој систем го менаџира само мала група на луѓе околу Христијан Мицкоски, граѓаните се оставени сами на себе да се справуваат со последиците од тој страшен систем – истакна Филипче

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Индиската претседателка ни подари биста на Ганди
Следна Статија Се намалува бројот на новопрегледани пациенти во Гостивар

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Ѓорѓиевски го најави проектот „SKOPJE CITY GO“ – една картичка за сите услуги во градот

„Наместо десетици различни карти, апликации и плаќања, секој граѓанин ќе има една унифицирана и дигитална алатка,“ изјави Ѓорѓиевски, потенцирајќи дека…

September 15, 2025
ПОЛИТИКА

Герасимовски: Не потрошив ниту денар на кафани

Кандидатот за градоначалник и актуелен градоначалник на Општина Центар Горан Герасимовски, вчеравечер беше со жителите од населбата Крњево каде што…

October 2, 2025
ПОЛИТИКА

Комисија за економија на ЛДП: Потребна е брза реакција од Владата за намалување на ценовниот шок од поскапувањата на горивата

ЛДП од надлежните бара итна и ефикасна реакција по последната одлука на Регулаторна комисија за енергетика, за поскапување на нафтата…

March 9, 2026
ПОЛИТИКА

Претседателот на Собранието ги распиша локалните избори на 19 октомври

Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска ги распиша локалните избори, што ќе се одржат на 19 октомври. Собранискиот спикер, како…

August 9, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?