Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Се намалува бројот на новопрегледани пациенти во Гостивар
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Се намалува бројот на новопрегледани пациенти во Гостивар
ЗДРАВЈЕ

Се намалува бројот на новопрегледани пациенти во Гостивар

Објавено July 21, 2026 18:08
Сподели
Сподели

Продолжува трендот на намалување на бројот на новопрегледани пациенти, односно лица што првпат побарале лекарска помош поради стомачни тегоби, покажуваат податоците од јавните здравствени установи во Гостивар.

Графичкиот приказ од министерството покажува дека во Општата болница во Гостивар во текот на вчерашниот ден бил прегледани 183 нови пациенти, додека во Здравствениот дом помош побарале 110 гостиварци.

Од Здравство велат дека моментално се хоспитализирани четири лица. Тимовите направиле и 192 епидемиолошки анкети.

Во текот на вчерашниот ден вкупниот број пациенти прегледани во болницата е намален за 38 проценти. Во споредба со 19.07.2026 година, кога во Општата болница Гостивар беа регистрирани 289 прегледи, вчера се евидентирани вкупно 183 прегледи. Бројот на прегледи во здравствениот дом продолжува континуирано да опаѓа – од 315 пациенти на 18 јули, на 275 пациенти на 19 јули и 110 пациенти на 20 јули“, се вели во извештајот од министерството.

Денеска и директорот на гостиварската болница вели дека на Инфективното одделение биле прегледани 111 пациенти, на Одделението за педијатрија 75, а во Ургентниот центар 12 пациенти. Бајрами додава дека клиничката слика и натаму се карактеризира со стомачни проблеми, а поретко со треска и покачена телесна температура.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО) Чија е одговорноста за катастрофата со водата за пиење во Гостивар, праша Филипче
Следна Статија Високи претставници на бизнис секторот од Индија во посета на ТИРЗ Скопје

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Граѓаните кај министерот за здравство се жалат на мито, непрофесионално однесување, игнорирање пациенти, доцнење во давање здравствена услуга

Граѓаните кај министерот за здравство се жалат на мито, непрофесионално однесување, игнорирање пациенти, немање соодветен треман, неисполнување на должностите, одбивање…

July 7, 2025
ЗДРАВЈЕ

Овој здравствен систем има недостатоци, ама испорачува, изјави директорот на Фондот Сашо Клековски

Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) денеска одбележа 25 години од основањето. Директорот на Фондот Сашо Клековски во својата презентација истакна…

November 14, 2025
ЗДРАВЈЕ

Порано се чекаше 2 часа за до шалтер, сега е 15 минути, од 400 на 900 е зголемен бројот услужени на Институтот за клиничка биохемија

Николина Гроздановска, директорка на Институтот за Клиничка биохемија, гостуваше во поткастот ,,ВМРО-ДПМНЕ зборува“.  Гроздановска се осврна на дигитализацијата, модернизацијата на…

July 14, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Стапката на сиромаштија бележи намалување

Во текот на денешната посета на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство – Скопје, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски одговарајќи…

December 29, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?