Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (Видео) Ја реновирале куќата и откриле нацистички бункер со морничава порака
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > (Видео) Ја реновирале куќата и откриле нацистички бункер со морничава порака
ЗАБАВА

(Видео) Ја реновирале куќата и откриле нацистички бункер со морничава порака

Објавено August 9, 2025 00:31
Сподели
Сподели

Кога Шон Талиер (35) и неговата сопруга Каролина (32) почнале да ја реновираат куќата во октомври 2021 година, не можеле да замислат какво изненадување ги чека.

Под нивниот дом на островот Гернзи, близу брегот на Нормандија, се криел огромен нацистички бункер од Втората светска војна!

Парот го открил масивниот комплекс со две големи простории, пренесува „Дејли стар“.

Талиер знаел дека островот бил под германска окупација во периодот 1940-1945 година, кога нацистите ги претвориле Каналските острови во воени тврдини. Сепак, не очекувал да најде бункер токму под својот дневен престој.

„Знаев за бункерите по островот, но никогаш не би помислил дека еден се наоѓа под мојата дневна соба“, изјавил тој за локалните медиуми.

 

Претходната сопственичка, гледајќи фотографии од куќата на Фејсбук, го прашала парот дали ги пронашле просториите под темелите, откривајќи дека како деца се играле таму пред нивниот татко да ги затрупа со земја.

Парот ангажирал багер и отстранил десетици тони земја, по што откриле бетонски влез во бункерот.

Кога слегле внатре, останале без здив. Внатре имало две простории со димензии 5×3 и 5×6 метри, поврзани со коридор долг девет метри. Бункерот се наоѓал на осум метри длабочина.

Внатре пронашле стари шишиња, излез во случај на опасност, но и застрашувачки пораки испишани од нацистите за време на Втората светска војна. Особено внимание им привлекла пораката: „Внимание, непријателот слуша“ (Achtung, Feind hört mit).

Ова не се само неколку простории, ова е историја. Студено, влажно и застрашувачко сведоштво за она што луѓето го поминувале тогаш“, рекол Шон.

Парот планира да го претвори бункерот во просторија за забави — со билјард сала и мини-теретана, при што ќе вградат 80 тони бетон за да ги обезбедат ѕидовите и скалите. Пораките на германски јазик планираат да ги зачуваат и реставрираат со калиграфија.

„Каролина сака да ја завршиме куќата, но јас ветив забавa за Ноќта на вештерките во бункерот“, се пошегувал Шон. „Морам да го исполнам тоа ветување“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Почина новинарката и уредничка на МРТВ, Јулијана Тануровска
Следна Статија Вучиќ изјави дека ќе бидат распишани вонредни избори

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

Maрија Шерифовиќ го покажа синот

Пејачката Марија Шерифовиќ го покажа синот.Марио веќе не е бебе и ползи и и си игра на подот.Мајката објави фотографија…

December 27, 2024
ЗАБАВА

(Видео) Нема да верувате колку Мараја Кери заработува на нејзиниот божиќен хит

Американската пејачка Мараја Кери пред 30 години ја објави песната All I Want For Christmas Is You. Песната стана неизбежен…

December 4, 2024
ЗАБАВА

Oд вечерва за 4 знаци младата Месечина во Бик носи нов почеток

Вечерва Младата Месечина во Бик носи енергија на стабилност, сензуалност со посебен акцент на финансиската сигурност, личните вредности и уживањето…

April 27, 2025
ЗАБАВА

Заработиле 318.000 долари за еден месец благодарение на камерите – и тоа е само почетокот

Камерите за брзина честопати предизвикуваат дебата, но во Талахаси, Флорида, велат дека има едно нешто кај нив што не е…

May 10, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?