Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: „Виз Ер“ со летови: До Скопје од Будимпешта и Наполи, до Охрид од Катовице, Вроцлав и Милано
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > „Виз Ер“ со летови: До Скопје од Будимпешта и Наполи, до Охрид од Катовице, Вроцлав и Милано
ЕКОНОМИЈА

„Виз Ер“ со летови: До Скопје од Будимпешта и Наполи, до Охрид од Катовице, Вроцлав и Милано

Објавено September 3, 2025 16:40
Сподели
Сподели

 

Со субвенции од државата се воведуваат уште пет нови авилинии. До Скопскиот аеродром од 6 април следната година ќе се лета од Наполи и Будимпешта, а до Охридскиот аеродром од 28 јуни од Катовице, Вроцлав и Милано, објавија денеска на прес-конференција вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и Џозев Варади, главниот извршен директор на Виз Ер.

Николоски соопшти дека „Виз ер“ на Скопскиот аеродром од следната година ќе има постојана флота со шест авиони и оти прави замена на постојните Ербас А320 со Ербас А321 нео. Бројот на 200-те вработени од држвава во авиокомпанијата се планира да се зголеми за 100.

Министерство за транспорт

Како што посочи Николоски, авиокомпанијата ќе го зголеми капацитетот за патници за околу 50 проценти од следната година и ќе понуди 3.300.000 седишта за Македонија.

– Имаме навистина убава оперативна платформа во земјата, шест летала до крајот на годината, рути од Скопје и Охрид и над 200 вработени во земјата, а сето тоа доаѓа до 3,3 милиони седита што ќе бидат достапни во 2026 година што е голем скок во однос на 2012 година, рече Варади.

Како што информира Николоски, субвенциите за авиокомпанијата ќе изнесуваат по девет евра по патник на доаѓање на Скопскиот аеродром и 12 евра на Охридскиот аеродром.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО) „Тигрите“ во акција на патот Битола-Прилеп, запленети околу 35 килограми марихуана
Следна Статија Додик остана без дипломатски пасош

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Германската економија бележи пад во вториот квартал од 2025 година

Германската економија падна за 0,3 проценти во вториот квартал од 2025 година во споредба со претходниот квартал, со побрзо темпо…

August 22, 2025
ЕКОНОМИЈА

Сојуз на земјоделски здруженија: Откупен е половина од родот на тутунот

Откупот на тутунот е со забрзано темпо и досега се преземени половината од количествата на годинашнава реколта, велат од Сојузот…

December 16, 2025
ЕКОНОМИЈА

Една банка прифатила да субвенционира дел од каматата за кредитите за фирмите од заемот од Унгарија

Една банка прифатила да субвенционира дел од каматата за кредитите за фирмите од заемот од Унгарија, информира министерката за финансии,…

November 12, 2024
ЕКОНОМИЈА

Димитриеска-Кочоска: Фокусирани сме на реализација на реформите и на напредокот на европскиот пат

Спроведувањето на реформската агенда е пат без алтернатива, порача министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на Конференција во организација на „Пријатели…

November 7, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?