Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Вилата за која опозициските портали лажат дека е на Мицкоски, всушност е во сопственост на државна институција во Хрватска
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Вилата за која опозициските портали лажат дека е на Мицкоски, всушност е во сопственост на државна институција во Хрватска
ПОЛИТИКА

Вилата за која опозициските портали лажат дека е на Мицкоски, всушност е во сопственост на државна институција во Хрватска

Објавено August 12, 2025 14:20
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски не поседува недвижен имот во Хрватска или Црна Гора, дознава Курир.

Тоа значи дека се невистинити објавите од одредени портали и профили на социјалните мрежи дека Мицкоски или негови блиски поседуваат било каква „луксузна вила“, „замок“ или било каков недвижен имот во Хрватска или Црна Гора.

Како што дознава „Курир“, премиерот Мицкоски нема купено, нема наследено, ниту на било кој начин располага со недвижен имот во овие држави. Ниту тој, ниту било кој член на неговото потесно семејство.

Фотографиите и локациите што се користат, со цел да се изманипулира јавноста, се злоупотребени. Објавените фотографии се од објекти кои се во сопственост на сосема други правни и физички лица или на државни институции на Хрватска и тоа е лесно проверливо со јавно достапните имотни книги и катастарски податоци.

Вилата за која велат дека е на македонскиот премиер, прво била во сопственост на Град Загреб, а сега се наоѓа во сопственост на државна институција во Хрватска.

Порталот Инфомакс објави шпекулации дека премиерот поседува луксузна вила на брегот на Јадранското Море.  Дека намерата на СДСМ и порталите блиски до нив е креирање на политичка конструкција, а не изнесување факти, јасно говори и тоа што тие не можеле да се договорат во која држава ќе тврдат дека премиерот има имот – па прво велеа дека тоа е во Црна Гора, за сега да кажат дека е во Хрватска.

Од владејачката партија брифираат дека ќе бидат превземени и правни чекори.

-Со цел да се заштити интегритетот и угледот на премиерот, ќе бидат покренати постапки пред надлежните судови против сите портали и лица кои учествуваат во ширење на овие клевети, како и кривични пријави за навреда и клевета согласно Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Сузбиени 14 организирани криминални групи, во кои учествувале 201 лице во период од една година, извести МВР
Следна Статија Мицкоски за најавените мерки за цените на храната: Подобро на краток рок да ја платиме политичката цена, отколку граѓаните да плаќаат на долг рок

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Таравари: Политиката не треба да биде средство за личен комодитет, туку служба за народот

Претседателот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, преку статус на Фејсбук порача дека никогаш не чувствувал завист за власта, иако…

April 13, 2025
ПОЛИТИКА

Mицкоски: Коалицијата Вреди не го поддржува Дехари за градоначалник во Кичево

Партиите имаат уште пет дена за претставување на кандидатите за градоначалници и членови на советите во општините за обезбедување поддршка…

October 27, 2025
ПОЛИТИКА

Вреди сѐ поблиску до одлука за заеднички настап на локалните избори

 – Коалицијата Вреди синоќа одржа состанок во Скопје на којшто стана збор за состојбата внатре во коалицијата и за претстојните…

April 12, 2025
ПОЛИТИКА

ВМРО ДПМНЕ: Фирми блиски до Заеви како подизведувачи на Марковски компани се богателе од ископот на јаглен во РЕК Битола

Фирми блиски до Заеви како подизведувачи на Марковски компани, инкасирале милионски суми од ископ на јаглен. Имено, на 03.10.2023 година,…

October 14, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?