Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Витаминка започнува со имплементација на ESG – стратешки чекор кон одржлива иднина
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Витаминка започнува со имплементација на ESG – стратешки чекор кон одржлива иднина
ЕКОНОМИЈА

Витаминка започнува со имплементација на ESG – стратешки чекор кон одржлива иднина

Објавено November 14, 2025 16:45
Сподели
Сподели

Витаминка започна со формална имплементација на ESG (Environmental, Social, Governance) принципите преку современата VSME рамка за репортирање, која овозможува систематски пристап кон одржлива практика, корпоративна одговорност и транспарентно управување. На вчерашната информативна и консултативна средба што се одржа во просториите на компанијата, беа разгледани приоритетните области од ESG доменот и беа споделени очекувањата, обврските и придобивките од одржливото работење.
Со овој чекор, компанијата ја зајакнува својата долгорочна стратегија и го потврдува континуираниот стремеж кон интегрирање на традицијата, иновацијата и квалитетот што ја обележуваат нејзината повеќедецениска работа, според Генералниот извршен директор, Сашо Наумоски.

„Процесот на воведување ESG во Витаминка не е административен чекор, туку длабинска трансформација на начинот на кој во компанијата се размислува, планира и делува. Со тоа оваа деловна обврска, станува стратешки избор кој ја потврдува нашата посветеност на одговорно и транспарентно работење. Нашата амбиција е ESG да стане дел од секојдневието, започнувајќи од одлуките во менаџментот, па до идеите што доаѓаат од нашите вработени. Тоа е нов начин на размислување што нè потсетува дека секој чекор има влијание и врз луѓето и врз животната околина. Веруваме дека со ова ќе ја зајакнеме конкурентноста на компанијата и ќе придонесеме за создавање подобра иднина за сите,“ изјави Наумоски.

ESG претставува глобално признат модел за мерење и управување со влијанието на компаниите врз животната средина, општеството и корпоративното управување. За Витаминка, ова значи надградување на процесите за намалување на влијанието врз околината, поголема грижа за вработените и заедницата, како и јакнење на транспарентноста и етичкото делување. Примената на ESG моделот ќе ѝ овозможи на компанијата поефикасно да ги следи своите резултати, да поставува јасни цели и да обезбеди повисок степен на отчетност кон сите засегнати страни.

Имплементацијата на ESG ќе се реализира етапно во следните три до пет години, при што до крајот на април 2026 година ќе биде подготвен и првиот ESG извештај. Во овој период, компанијата ќе работи на намалување на емисијата на CO₂, воведување енергетски поефикасни технологии, подобрување на управувањето со отпадот и оптимизација на транспортните процеси.

Истовремено, ќе се унапредат програмите за развој на вработените, инклузивноста, родовата еднаквост и партнерството со локалната заедница. Компанијата ќе продолжи и со зајакнување на корпоративната етика, управувањето со ризици и усогласувањето со европските стандарди за одржливо корпоративно управување.

Витаминка гледа на ESG како на долгорочна трансформација што започнува одвнатре, со подигнување на свеста, подобрување на интерните процеси и градење корпоративна култура во која секоја одлука и секој чекор го земаат предвид влијанието врз луѓето и планетата. Со ова, компанијата прави значаен исчекор кон европските и глобалните стандарди за одржливост и ја зацврстува позицијата како одговорен и современ индустриски лидер.

Витаминка продолжува да гради на своите вредности на квалитет, доверба и грижа за заедницата, создавајќи основа за поодржлива иднина за сегашните и идните генерации.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ѓорѓиевски: Обезбедени се средства за булевари, паркови, зголемени капитални инвестиции
Следна Статија Стојаноски: Овој Предлог-буџет е јасна слика дека Македонија ќе се развива интензивно како држава

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Евростат: Во Македонија има најевтина храна од цела Европа!

Цените на храната во Македонија се најниски од цела Европа! Разликите во цените на храната во Европа се големи, а…

December 15, 2025
ЕКОНОМИЈА

Азески: Гаранцијата од Обединетото Кралство значи многу за македонската политичка и економска стабилност

Гаранцијата што Македонија ја добива од Обединето Кралство за кредитирање, значи многу за општата стабилност на државата и за регионот, бидејќи…

June 26, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Уште се преговара со комерцијалните банки за парите од унгарскиот заем

Домашните компании ќе ги добијат парите од унгарскиоит заем под истите услови под кои беа земени, рече денеска премиерот Христијан…

November 6, 2024
ЕКОНОМИЈА

Еко-свест бара стоп за „Бошков мост“: Проектот бил спротивен на законите на Маврово

Граѓанската организација Еко-свест упати јавно писмо до претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, во кое изразува „огромна загриженост“ поради најавите за…

February 2, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?