Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Вицегувернерката Нацевска: Побрзи, поевтини и поефикасни прекугранични плаќања во евра од октомври 2025 година
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Вицегувернерката Нацевска: Побрзи, поевтини и поефикасни прекугранични плаќања во евра од октомври 2025 година
ЕКОНОМИЈА

Вицегувернерката Нацевска: Побрзи, поевтини и поефикасни прекугранични плаќања во евра од октомври 2025 година

Објавено April 10, 2025 17:37
Сподели
Сподели

„Од октомври 2025 година, деловните банки од земјава ќе можат да се приклучат кон платните системи на Единствената област за плаќања во евра (СЕПА), со што се отвора патот за побрзи, поевтини и поефикасни прекугранични плаќања во евра. Народната банка активно го следи процесот на подготовка на банките за пристап кон СЕПА, којшто опфаќа правна, техничка и оперативна усогласеност со европските стандарди“, посочува вицегувернерката на Народната банка, Емилија Нацевска, во интeрвју за националниот сервис МТВ.

Придобивките за граѓаните и компаниите ќе бидат значајни – намалени трошоци, поедноставени постапки и многу пократко време за трансакциите. Парите испратени од странство, вклучително и оние од иселениците, ќе пристигнуваат во текот на истиот или следниот работен ден, со значително пониски трошоци, а банките ќе треба да им ги пренесат овие придобивки и на клиентите преку пониски надоместоци.

Заради поедноставување на процедурите, Народната банка веќе ги укина обврските за доставување документација за тековните трансакции со странство, меѓу кои и за плаќање одмор или школарина во странство, а ќе се укине и за капиталните трансакции, освен за мал број трансакции за кои постојат експлицитни законски обврски. Ова значително ќе го олесни онлајн и шалтерското банкарство и ќе го поттикне користењето електронски и мобилни платежни услуги. Податоците покажуваат дека електронските плаќања во земјава веќе бележат годишен раст од над 40% во 2024 година.

Исто така, се работи и на олеснување на процедурите за приливните плаќања. Целта е средствата добиени од странство, вклучително и хонорарите, да се ставаат на располагање веднаш или најдоцна следниот ден, без потреба од приложување договор или фактура, освен во специфични случаи каде што тоа е законски обврзано.

Покрај ова, не се предвидуваат ограничувања за износите коишто може да се префрлат на основа на подарок, освен лимитот од 100 илјади евра кај инстант плаќањата, а контролите за спречување перење пари и финансирање тероризам и натаму ќе се применуваат, во согласност со меѓународните стандарди.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Македонија веќе требаше да е во ЕУ, вели унгарскиот министер Бока
Следна Статија Очајни се условите во македонските затвори

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

РКЕ најавува мерки за заштита на потрошувачите

Регулаторната комисија за енергетика водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) подолг период работи на комплементарен сет…

March 24, 2025
ЕКОНОМИЈА

Wizz Air ја затвора својата база во Виена до март 2026 година

Унгарската нискобуџетна авиокомпанија Wizz Air објави во среда дека ќе ја затвори својата база во Виена до март 2026 година,…

September 11, 2025
ЕКОНОМИЈА

Славески на средби со ММФ: Мерките на Народната банка придонесува за постепено намалување на инфлацијата

Гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, во рамки на Годишните средби на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Светската банка,…

October 17, 2025
ЕКОНОМИЈА

Најмалиот апарат во куќата троши најмногу електрична енергија: Ако го исклучите може да заштедите многу пари

Кога размислувате за работи кои трошат многу електрична енергија во вашето домаќинство, овој минијатурен уред веројатно не ви паѓа на…

March 23, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?