Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Вицепремиерот Николоски не подлегна на провокација, бугарскиот „новинар“ бадијала дојде во Ѓуешево
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Вицепремиерот Николоски не подлегна на провокација, бугарскиот „новинар“ бадијала дојде во Ѓуешево
МАКЕДОНИЈА

Вицепремиерот Николоски не подлегна на провокација, бугарскиот „новинар“ бадијала дојде во Ѓуешево

Објавено November 6, 2025 20:18
Сподели
Сподели

„И минатата и оваа година разговаравме за инженерски, а не за политички проблеми на проектот. Она што вие и вашите колеги сакавте да го направите политички проблем, за среќа не успеавте и затоа сме тука денес. Мислам дека доволно одговорив“.

Вака му возврати вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на репортер од бугарската агенција БГНЕС, кој со провокативно прашање пробаа да го потсети на негова ланска изјава на ТВ Алфа, каде што, наводно, како што пишуваат бугарските медиуми, ги нарекол Бугарите „нецивилизирани“ и „бедни“.

На дополнителното прашање „дали ќе се извините за оваа изјава?“, Николоски го сврте грбот.

Што изјави Николоски минатата година во септември на ТВ Алфа за Бугарија?

Неговата изјава беше во контекст на скандалот на средбата меѓу претседателите на двете земји во Софија од 13 септември, кога неодостасуваше македонското знаме. Неколку дена подоцна, Николовски за ТВ Алфа изјави дека Бугарија се покажала како „нецивилизиран домаќин“.

– Минимум пристојност е да ставите знаме на државата од која што доаѓа претседателот. И минимум човек треба да е нормален за тоа да го сработи. Најмалку треба да се очекува од претседател на држава да оди таму и да гледа каде има, а каде нема знамиња. Тоа не е работа на претседателката, туку на домаќинот да покаже пристојност. Ама затоа што домаќинот очигледно ниту е цивилизиран, ниту е пристоен, ниту има каква било почит, затоа е работава ваква каква што е. Помизерни од нив се само нашиве домашниве слуги, кои прифатија дека имаме заедничка историја и дека македонскиот јазик е бугарски дијалект, а сега зборуваат за патриотизам. За оваа изјава очекувам да добијам протесна нота од бугарското МНР – изјави тогаш министерот Николоски

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Оливер Спасовски призна: Резултатот од 126.000 гласови претставува дно!
Следна Статија Милевски: Не мислам на нов договор и на тоа што ќе биде понатаму

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Денеска се слави вториот ден од Велигден – Светол понеделник

Православните верници денес го слават вториот ден од најголемиот христијански празник Велигден, познат и како Светол понеделник. Воскресението Христово завчера…

April 13, 2026
МАКЕДОНИЈА

Николоски неделава го потпишува Стратешкиот договор во Лондон, најави британскиот амбасадор

Британскиот амбасадор во Македонија Метју Лосон во вечерашната Тема на денот, како дел од вестите на Сител ТВ во 19…

May 19, 2025
МАКЕДОНИЈА

Пазете, се снима: Kамерите почнаа да ловат несовесни возачи

Министерството за внатрешни работи започнува со имплементација на проектот „Безбеден град“, со кој камерите од системот „Safe City“, поставени на…

December 1, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мисајловски: Нова сила и иднина на Армијата, свечена заклетва на 300 новопримени професионални војници

300 новопримени професионални војници на македонската Армија денеска дадоа свечена заклетва во велешката касарна „Алексо Демниевски Бауман“. Министерство за одбрана…

January 16, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?