Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Со измените на Кривичниот законик СДС и ДУИ создадоа можност да се амнестираат самите
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: Со измените на Кривичниот законик СДС и ДУИ создадоа можност да се амнестираат самите
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Со измените на Кривичниот законик СДС и ДУИ создадоа можност да се амнестираат самите

Објавено January 8, 2026 11:47
Сподели
Сподели

Во вчерашното гостување на телевизија Алфа, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се осврна на темата за правосудството за што истакна дека правосудниот систем во земјава е во одреден дел контаминиран од страна на поранешната влада на СДС и ДУИ, особено во делот на измените на Кривичниот законик. Според него, некои лица од претходната власт можат да се повикуваат на поповолни закони, што како што вели тој, е најголемиот проблем, затоа што создале правна основа за сопствена амнестија.

„Генерално луѓето во правосудството се чесни луѓе. Има еден мал дел, којшто е контаминиран, и којшто за жал го контаминира целиот систем. Тоа се најчесто партиски послушници, коишто се рецидив на поранешната влада на СДСМ и ДУИ и коишто жестоко се борат за тие коишто ги поддржале да добијат некаква бенефиција, позиција итн“, вели Мицкоски.

Според него, постојат два клучни моменти кои што влијаеле на распадот на правдата, од кои првиот е изборот на судиите во парламентот, во периодот кога ВМРО-ДПМНЕ беше во парламентарна опозиција, а вториот е измените во Кривичниот законик што ги донесе владата на СДС и ДУИ.

„Првото е оној избор на судии во парламентот, кога се бираа судиите во парламентот кога ВМРО-ДПМНЕ беше во парламентарна опозиција, мислам дека беше во 1996 година. И второто е сега, кога владата на СДСМ и ДУИ пред одење практично ги донесе измените во Кривичниот законик и кога избриша еден добар дел од членот 353 тој фамозен член 353, поради две причини“, рече Мицкоски и додаде:

„Првата е за да се амнестираат себе си и втората причина е, на тој начин мислеа дека ќе амнестираат некого, којшто ќе може во тоа време да нанесе штета на тогаш најсилната опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ. Успеаја во првиот дел од својата намера, во вториот дел не успеаја. ВМРО-ДПМНЕ денеска е поголема од сите политички партии заедно“.

Мицкоски истакна дека сите оние од претходната влада на СДС и ДУИ, секогаш ќе се повикуваат на поповолниот закон.

„Тие секогаш ќе се повикуваат на поповолниот за нив закон, а за нив поповолен закон е овој моменталниот сега, кога е избришан членот 353 став 5 кога други делови од Кривичниот законик се избришани. Секогаш ќе се повикуваат на тоа, без разлика ние од сега натаму каков закон ќе донесеме, и од сега натаму какви измени ќе направиме. Сите оние од претходната влада кога ќе дојдат на судско рочиште ќе речат се повикувам јас на законот кој што беше од тогаш до тогаш, бидејќи тоа е во тоа време. И тука е најголемиот проблем“, посочи Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Иран ги набљудува протестите во Венецуела како одраз на сопствените предизвици
Следна Статија Berkelшки Хатавеј го зголемува платата на новиот извршен директор Грег Ејбел на 25 милиони долари

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Како Влада ќе сториме се што е во наша моќ да го олесниме животот на семејствата на загинатите и на повредените во дискотеката „Пулс“

Ние сме во постојана комуникација со дел од родителите и семејствата на трагично загинатите и како Влада ќе сториме се…

July 7, 2025
МАКЕДОНИЈА

Таравари: 16 пациенти ќе бидат испишани и ќе продолжат на домашно лекување

Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари, денеска даде изјава за моменталната состојба на пациентите кои се на болничко лекување од…

March 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

Ве гледаме! – Герила Акција пред судницата на КПУ Идризово

Движењето „Кој е Следен?“ на 19 ноември 2025 година, пред судницата на „КПУ Идризово“ изведе герила акција пред започнувањето на…

November 19, 2025
МАКЕДОНИЈА

Државната лабораторија неакредитирана – квалитетот на воздухот во најзагадениот град во Европа го следи само еден вработен

Централната лабораторија на Министерството за животна средина сѐ уште не е акредитирана за ниту една метода за следење на квалитетот…

September 15, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?