Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Законот за правична застапеност обезбедува професионализам и компетентност на сите граѓани во Македонија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: Законот за правична застапеност обезбедува професионализам и компетентност на сите граѓани во Македонија
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Законот за правична застапеност обезбедува професионализам и компетентност на сите граѓани во Македонија

Објавено June 25, 2025 13:24
Сподели
Сподели

Законот за правична застапеност обезбедува професионализам и компетентност на сите граѓани во Македонија, изјави премиерот Христијан Мицкоски по денешната посета на Деткста клиника во Скопје.

Претседателот на македонската влада посочи дека Законот за правична застапеност можеби уште денеска ќе биде испратен до Венецијанската комисија за произнесување, а потоа и во Собранието за донесување.

– Албанската опозиција повеќе од 20 години имаше можност да создаде закон кој што ќе обезбеди правична застапеност, но тоа не го направија. Тие создаваа импланти кои завршија со големи злоупотреби и измами. Таа опозиција, кога на времето беше во владата, и самите во еден извештај кажуваат дека времето на условно кажано алатката балансер е изминато и треба да се замени со нов начин за обезбедување правична застапеност. Но, кредибилитетот на тие политичари и посебно за овој закон е сведен на нула, истакна Мицкоски.

Според премиерот, целта на новиот закон е да се обезбеди професионализам, да е применлив и да не се политизира.

– Да причекаме да се произнесе Вевеницијанската комисија, а потоа сите пратеници во парламентот ќе го имаат предлог текстот и ќе може да учествуваат со амандмани и доколку формата биде усогласена истата да биде изгласана, а потоа и применета. Сакаме се да биде како што треба за тоа да не се политизира и да не се создава политичка тема таму каде што нема потреба. Ова е закон што обезбедува професионализам и компетентност на сите граѓани во Македонија, нагласи претседателот на Владата Христијан Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија На Клиниката за детски болести за 11 месеци се реализирани проекти во износ од 40 милиони денари
Следна Статија Собранието даде зелено светло за укинување на царините за стока од САД

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Само во Македонија: Со багер му срушиле дел од куќата додека спиеле

Несекојдневен инцидент се случил рано утринава во Штип, каде сопственик на семејна куќа пријавил дека дел од неговиот дом бил…

July 8, 2026
МАКЕДОНИЈА

Коњот Букефал со пет нозе насликан на билборд за добредојде во Скопје

Бројни рекации на социјалните мрежи предизвика новиот билборд за „Добредојдовте во Скопје“ што завчера беше поставен на источниот влез на…

July 19, 2026
МАКЕДОНИЈА

Имале пари за поправка на МНТ, ама седум години ништо не се направило кажа Љутков по посетата на театарот

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков денеска го посети МНТ и рече дека затекнал две состојби, од едната е…

November 14, 2024
МАКЕДОНИЈА

21-годишниот манекен Мартин е загинатиот во експлозијата во Белград, несмасно ја активирал бомбата

Македонскиот државјанин Мартин Сипковски (21), модел по професија, е убиен во експлозија која се случи минатата недела во стан на…

October 7, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?