Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Вкупните депозити со годишен раст од 10,5 отсто, а кредитите од 13,6 проценти
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Вкупните депозити со годишен раст од 10,5 отсто, а кредитите од 13,6 проценти
ЕКОНОМИЈА

Вкупните депозити со годишен раст од 10,5 отсто, а кредитите од 13,6 проценти

Објавено February 20, 2026 17:04
Сподели
Сподели

Вкупните депозити во јануари на годишно ниво се зголемени за 10,5 %, во поголем дел поради порастот на депозитите на секторот домаќинства. Вкупните кредити, пак, бележат зголемување од 13,6 % под влијание на растот на кредитирањето кај двата сектора, со поизразен придонес во корпоративниот сектор, соопшти Народната банка.

Паричната маса во јануари 2026 година е намалена за 1,4 % на месечна основа, во поголем дел како резултат на падот на краткорочните депозити и на депозитните пари при негативен придонес и на готовите пари во оптек и на долгорочните депозити до две години. На годишно ниво, паричната маса бележи зголемување од 10,7 % поради растот на депозитните пари и краткорочните депозити при помал раст и на готовите пари во оптек и на долгорочните депозити до две години.

Вкупните депозити остварија месечен пад од 1,0 %, што се должи на намалените депозити на двата сектора, со поизразен придонес на депозитите на корпоративниот сектор. Годишниот раст на вкупните депозити изнесува 10,5 % и во поголем дел произлегува од зголемувањето на депозитите на секторот домаќинства.

Вкупните кредити се зголемени за 0,5 % на месечно ниво поради зголеменото кредитирање на двата сектора, со малку поголем придонес на секторот домаќинства. На годишно ниво, вкупните кредити забележаа раст од 13,6 % под влијание на растот на кредитите кај двата сектора, со поизразен придонес на корпоративниот сектор.

Во јануари депозитите на корпоративниот сектор забележаа месечно намалување од 2,1 % како резултат на намалувањето на краткорочните депозити, во услови на остварен раст на депозитните пари и на долгорочните депозити. Споредено на годишна основа, депозитите на корпоративниот сектор бележат зголемување од 9,8 % поради растот на депозитните пари и на краткорочните депозити, во помала мера и на долгорочните депозити во денари, а долгорочните депозити во странска валута забележаа намалување.

Кредитите на корпоративниот сектор во јануари се зголемија за 0,4 % на месечна основа, во поголем дел поради повисоките кредити во денари при помал раст и на кредитите во странска валута. Во споредба со јануари претходната година, забележан е раст од 16,2 %, кој во целост произлегува од зголеменото кредитирање во денари во услови на пад на кредитите во странска валута.

Овој месец вкупните депозити на домаќинствата остварија месечен пад од 0,4 % како резултат на намалените депозитни пари, а другите компоненти забележаа раст. Годишниот раст изнесува 11,3 % и во најголем дел се должи на повисоките депозитни пари, долгорочните депозити во денари и краткорочните депозити во странска валута.

Кредитите на домаќинствата во јануари бележат месечно и годишно зголемување од 0,5 и 11,2 %, соодветно, како резултат на зголеменото кредитирање во денари и во странска валута, со поизразен придонес на кредитите во денари.

Анализирано според намената на кредитите одобрени на физичките лица, кај потрошувачките кредити, како најзастапена категорија, е остварен месечен пад од 0,2 % при годишен раст 10,7 %, а станбените кредити се зголемени за 0,7 и 16,1 % на месечно и на годишно ниво, соодветно. Во јануари автомобилските кредити бележат месечно и годишно зголемување од 0,1 и 0,7 %, соодветно. Кај кредитите одобрени на кредитните картички е забележано месечно и годишно намалување од 0,9 и 5,2 %, соодветно, а кај негативните салда на тековните сметки е остварен месечен и годишен раст од 15,0 и 0,8 %, соодветно.

Кредитите одобрени врз други основи во јануари се намалени за 1,7 и 11,8 % на месечна и на годишна основа, соодветно, се наведува во соопштението од Народната банка.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Се вршат последните тестирања на брзата железница Будимпешта-Белград, ќе се вози до 160 км/час
Следна Статија Големо снежно невреме ја погоди Словенија, Марибор без струја

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

ЌЕ ПАДНАТ ЛИ ЦЕНИТЕ: „Оне Македонија телекомуникации“ избран за трет мобилен оператор

Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) денеска донесе одлука дека „Оне Македонија телекомуникации“ на унгарски „Фор-ај-џи“, е најповолен понудувач на тендерот…

January 12, 2026
ЕКОНОМИЈА

Божиновска: Нови ветерни турбини, повеќе струја, помалку загадување

Ветерните паркови не се само економски исплатливи, туку и еколошки одговорни. Тие се клучот кон одржлива иднина и економски раст…

February 2, 2025
ЕКОНОМИЈА

Цените на нафтата пораснаа по нападот на Израел врз територијата на Катар

Цените на нафтата денес пораснаа за околу еден процент, Брент на 67 долари за барел, а американската сурова нафта WTI…

September 10, 2025
ЕКОНОМИЈА

Објавени најдобрите 25 светски компании, меѓу нив нема ниту една од Европа

Извештајот на PwC, една од најголемите светски ревизорски и консултантски фирми, за најголемите светски компании според пазарната капитализација покажува драматична промена…

October 4, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?