Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Божиновска: Нови ветерни турбини, повеќе струја, помалку загадување
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Божиновска: Нови ветерни турбини, повеќе струја, помалку загадување
ЕКОНОМИЈА

Божиновска: Нови ветерни турбини, повеќе струја, помалку загадување

Објавено February 2, 2025 16:44
Сподели
Сподели

Ветерните паркови не се само економски исплатливи, туку и еколошки одговорни. Тие се клучот кон одржлива иднина и економски раст кој не ги загрозува ресурсите на идните генерации, истакна министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска која денеска го посети Паркот на ветерни електрани (ПВЕ) Богданци, првиот ваков објект во земјава кој го користи ветерот како погонска сила за производство на електрична енергија.

Во придружба на официјални претставници од АД ЕСМ, Иван Стојановски, директор за финансии, и Гоце Џамбазовски, помошник директор за обновливи извори, министерката се запозна со тековните активности и идните планови на овој значаен енергетски капацитет. Беше запознаена со инфраструктурата на паркот, вклучувајќи ја командната соба, сервер салата и трафостаницата, која е клучна за функционирањето на целиот комплекс. Посети и една од турбините, каде имаше можност да го види влијанието на проектот во реални услови. Инсталираната моќност на секоја од турбините е 2,3 мегавати, висината на столбот изнесува 80 метри, а дијаметарот на елисата изнесува 93 метри.

Во текот на обиколката, Џамбазовски истакна дека ПВЕ Богданци не само што е пример за успешна инвестиција во обновлива енергија, туку и значаен придонес кон националниот електроенергетски систем.

-Турбините се производство на Сименс – Данска и се вбројуваат меѓу најдобрите во својата класа. Паркот, со своите 16 турбини, има инсталирана моќност од 36,8 мегавати и годишно произведува околу 100 гигават часови природно одржлива енергија, што е доволно за снабдување на околу 60.000 граѓани, намалувајќи ја зависноста од фосилните горива и придонесувајќи за намалување на емисиите на CO2, рече Џамбазовски.

Министерката за енергетика беше информирана и за плановите за втората фаза на проектот ПВЕ Богданци 2, која ќе додаде дополнителни 13,2 до 15 мегавати капацитет. Оваа фаза е дел од пошироката стратегија на Владата да го зголеми учеството на обновливите извори на енергија до 45 отсто од вкупното производство до 2030 година. Во оваа фаза е предвидено поставување на дополнителни четири ветерни турбини, секоја со инсталирана моќност од 3,4 мегавати, со што вкупната инсталирана моќност ќе се зголеми на околу 50 мегавати, обезбедувајќи дополнително годишно производство од 37 гигават часови електрична енергија.

Божиновска ја истакна важноста на ваквите проекти за енергетската независност и одржливиот развој на земјата и истакна дека ветерните паркови не само што придонесуваат за заштита на животната средина, туку и обезбедуваат стабилно и одржливо снабдување со електрична енергија за граѓаните.

-Паркот на ветерни електрани Богданци останува симбол на енергетската иднина на нашата земја, покажувајќи дека со правилни инвестиции и посветеност кон одржливи решенија, можеме да обезбедиме подобра и почиста иднина за сите нас. Ветерните паркови, како овој во Богданци, се клучни за намалување на емисиите на стакленички гасови и за борба против климатските промени. Тие обезбедуваат чиста енергија, намалувајќи ја зависноста од увоз на енергија и создавајќи нови работни места. Покрај економските придобивки, ветерните паркови придонесуваат за енергетска независност и стабилност, што е особено важно за земјите како Македонија, рече Божиновска.

Со изградбата на втората фаза, додаде, ПВЕ Богданци ќе стане уште поголем играч на македонскиот енергетски пазар, придонесувајќи за економски раст и зелена транзиција.

-Ова е јасен сигнал дека Македонија е посветена на одржливи економски решенија кои ги балансираат економските, социјалните и еколошките интереси, потенцира Божиновска.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Таксист ѝ дал сметка од 700 денари за од Центар до Чаир, ја исфрлил и турнал со возилото зошто не сакала да му плати
Следна Статија (ФОТО) Ќерката на Никол Кидман позира без шминка во кампања за италијанска модна куќа

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Претставници на Народната банка работеа на клучно истражување за македонската економија објавено од ММФ

Како резултат на заедничкиот проект на експерти од Народната банка и од Чешката централна банка, изготвен е работен материјал, под…

October 11, 2024
ЕКОНОМИЈА

Nvidia не инвестира 100 милијарди долари во OpenAI поради проценката на компанијата

Извештајот на WSJ открива дека Nvidia сака да нагласи дека нема да биде целосно зависна од OpenAI

February 3, 2026
ЕКОНОМИЈА

Цените на бензините остануваат исти, дизелот поскапува за еден денар

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со…

January 26, 2026
ЕКОНОМИЈА

Нафтата скокна нa 91 долар за барел

Цените на нафтата денес нагло пораснаа на меѓународните пазари и се приближија до 91 долар за барел, што е резултат…

March 6, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?