Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Економијата се стабилизира, единствено нешто што е катастрофално е состојбата што ни ја остави СДС
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Мицкоски: Економијата се стабилизира, единствено нешто што е катастрофално е состојбата што ни ја остави СДС
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Економијата се стабилизира, единствено нешто што е катастрофално е состојбата што ни ја остави СДС

Објавено October 19, 2024 18:03
Сподели
Сподели

Економијата се стабилизира, слободното паѓање е запрено. Единствена катастрофа за Македонија е седумгодишното разбојничко работење со државни ресурси на СДСМ и ДУИ, а не прогнозата на Светска банка за економијата на државава во најновиот извештај што опозицијата ја препознава, е коментарот на премиерот Христијан Мицкоски на обвинувањата од опозициската СДСМ дека оваа влада ќе направи економска катастрофа.

Пратеникот на СДСМ и екс вицепремиер Фатмир Битиќи денеска изјави дека македонската економија е во слободен пад и наместо очекуваниот економски раст од 2,5 %, годинава, според Светска банка, ќе ја завршиме со само 1,8%.Тоа според него е јасен сигнал дека економските политики на ВМРО-ДПМНЕ се целосно неуспешни.

Мицкоски рече дека е задоволен што во оваа Влада сите економски индикатори се позитивни.

Единственото нешто што е катастрофално во Македонија е состојбата која што СДСМ ја остави после седум години разбојничко управување. Она што го прави оваа Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, е сето тоа да го консолидира, јас сум повеќе задоволен што слободното паѓање го сопревме и добро е што како оваа Влада сите индикатори се позитивни – рече Мицкоски.

Според Мицкоски, „се што кажаа од СДСМ, промашија“.

Она што можам да го кажам е дека се што кажала СДСМ промашија. Овие прес-конференции треба да бидат само знак дека е спротивно од тоа што тие го кажуваат е во реалноста. Им благодарам на СДСМ што преку своите прес-конференции и пораки кои ги испраќаат во јавноста само потврдуваат и ги потсетуваат граѓаните за своето седумгодишно разбојничко владеење, управување со ресурсите во Македонија, и ги потсетуваат граѓаните на сите понижувања и национални отстапки што ги правеа на сметка на зголемување на своето лично богатство и богатење на грбот на граѓаните – додаде Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Се огласи Нетанјаху по нападот на неговиот дом
Следна Статија Дали Србинката Ана е убиена од сопругот Брајан Волш- телото не е најдено, а ДНК резултатите ќе бидат готови наскоро

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Поради подготовки за грејната сезона, исклучени блоковите во РЕК Битола

Во РЕК Битола, во рамки на подготовките за претстојната грејна сезона утрово од мрежа го исклучи Блок 3, а во…

October 9, 2024
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Ги решаваме проблемите од минатото, со засилено темпо работиме на автопатот Охрид-Кичево

Со засилено темпо работиме на автопатот Охрид – Кичево, објави на Фејсбук вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Забрзано…

August 16, 2025
ЕКОНОМИЈА

Во Германија цените на горивата дивеат без контрола: Дизелот достигна цена над 3 евра за литар

Цените на горивото во Германија продолжуваат нагло да растат, при што на одредени бензински пумпи литар дизел веќе ја надмина…

April 5, 2026
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Тежок криминал се правело со автопатот Скопје-Блаце

Техничкиот консултант, компанијата “Суес” која била избрана како техничка подршка во изведба на автопатот Скопје – Блаце преку писма го…

October 31, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?