Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Владата бара генерално решение за системот ЕЕС, се водат преговори на билатерално ниво
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Владата бара генерално решение за системот ЕЕС, се водат преговори на билатерално ниво
МАКЕДОНИЈА

Владата бара генерално решение за системот ЕЕС, се водат преговори на билатерално ниво

Објавено May 5, 2026 19:31
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарски прашања за системот ЕЕС (за влез и излез во ЕУ) изјави дека се водат преговори на билатерално ниво и се надева оти ќе бидат надминати овие пречки, и како Влада бараат генерално решение.

– Има политичари од соседството кои сакаат политиката да ја направат естрада, јас немам таква намера, јас сакам да зборувам за работи што ќе се случат. Инаку да, се водат преговори и врз основа на тие преговори ценам дека на основа на билатерално ниво ќе бидат надминати овие пречки, но не само за летниот период, зборувам генерално, ние бараме генерално решение, иако вчера имаше одредени кругови кои се обидоа да ме исмејат за тоа што го кажав, јас уште поцврсто стојам на ставот дека Македонија е преубава земја и дека има прекрасни езера, планини, села, што ќе можат да се посетат за време на летниот одмор. А има таков тип на луѓе кои повторно ќе ме исмејат, но јас повторно уште поцврсто стојам на својот став, нагласи Мицкоски.

Вчера и министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски кажа дека земјите од регионот, заедно со ЕУ и нејзините земји членки, интензивно комуницираат и работат на надминување на предизвиците со метежот на граничните премини, кој е поизразен во периоди на зголемена фреквенција, особено во лето. Муцунски потврди дека се водат дискусии со повеќе земји и во рамките на разни шеми на Европската Унија, кои ги опфаќаат земјите од Западен Балкан, при што се очекува во летниот период да бидат преземени соодветни мерки за намалување на метежот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Трамп: Иран нема никакви шанси
Следна Статија Малолетници тепале дете во Чаир

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Австрискиот европратеник Томас Вајц нов известувач на ЕП за Македонија

Австрискиот европратеник Томас Вајц е именуван за нов известувач на Европскиот парламент за Македонија. Вајц, кој доаѓа од Европските зелени,…

October 22, 2024
МАКЕДОНИЈА

Мисајловски: Претходното раководство не водело грижа за армијата, за 4 месеци ситуацијата ја променивме

Од кога јас сум министер, ситуацијата која ја затекнав во министерството беше неисплаќање по колективен договор од претходното раководство, а…

November 9, 2024
МАКЕДОНИЈА

Од четврток пад на температурите, од сабота пообилни врнежи од дожд

Од Управата за хидрометеоролошки работи соопштија дека времето денеска и утре ќе биде стабилно, а од среда ќе следува променливо…

April 6, 2026
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Од идниот месец Кацарска и Уставниот суд ќе ги намалат пензиите на 70 % од пензионерите

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања остро реагираше на информациите дека Уставниот суд донел одлука за…

November 27, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?