Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Владата избра девет нови амбасадори: Муртезани оди во Брисел
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Владата избра девет нови амбасадори: Муртезани оди во Брисел
МАКЕДОНИЈА

Владата избра девет нови амбасадори: Муртезани оди во Брисел

Објавено February 17, 2026 21:58
Сподели
Сподели

Екс министерот за европски прашања Орхан Муртезани ќе биде нов македонски амбасадор во седиштето на НАТО во Брисел, пренесува Сител. Тој е еден од деветемина нови амбасадори чии имиња поминале на денешната владина седница. Како што дознава Сител од свои извори, нов амбасадор во Лондон ќе биде Илина Мангова која зад себе има богата кариера во невладиниот сектор како дел од раководството на Меѓунароодниот републикански институт ИРИ.

Останатите амбасадорски имиња се дипломати од кариера кои со години работеле во МНР. Меѓу нив е и Линда Салиеска Иљазоска која во моментов е дел од кабинетот на министерот Муцунски. Таа зад себе има речиси 20 години дипломатска кариера и бројни мисии во дипломатските претставништва низ Европа. По комплетирањето на процедурите, таа треба да биде новиот македонски амбасадор во Хаг.

Согласно законот, сите 9 имиња пред да станат амбасадори ќе треба своите планови да му ги претстават на Собранието во комисијата за надворешна политика по што Претседателката Сиљановска ќе треба и официјално да ги испрати во дипломатска мисија. Списокот на нови амбасадори, според нашите извори е веќе усогласен меѓу Претседателката Сиљановска, Министерството за надворешни работи и Владата.

Покрај деветмината амбасадори, Владата денеска одлучила да именува и две имиња за конзулатите во Мелбурн и Солун.

Од претходно, познати се имињата на Веле Трпевски како амбасадор во Тирана, Андријана Цветковиќ во Токио, Димитар Блажевски во Киев и Фадиљ Зендели во Копенхаген. И тие чекаат за одбрана на своите тези во Собранието.

По комплетирањето на сите процедури, бројот на дипломати испратени во мандатот на Муцунски ќе достигне 18. Од нив, над 60% или вкупно 11 амбасадори и конзули се дипломати од кариера, што е во насока на заложбите за професионализација на дипломатската мрежа и во согласност со новиот закон за надворешни работи кој предвидува најмалку половина од амбасадорите да бидат професионални дипломати.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Вардар добро тргна против Бенфика, но застана
Следна Статија Едно лице загина, едно тешко повредено во сообраќајка во близина на Кучевичка Бара

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Дворот на универзитетската библиотека „Свети Климент Охридски“ како буниште, обраснат во трева, ѓубре, човечки измет… (ВИДЕО)

Новинарот на Канал 5, Александар Видиновски, кој редовно објавува за катастрофалната состојба во која се наоѓа Скопје во однос на…

August 26, 2025
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска Давкова на Парискиот мировен форум: Очекувам дискусии што ќе придонесат кон решавање на најгорливите глобални предизвици

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, која учествува на осмото издание на Парискиот мировен форум, очекува дискусии што ќе придонесат кон решавање…

October 29, 2025
МАКЕДОНИЈА

Попов: Не можам да го сменам минатото, но можам да ја обликувам иднината, затоа се залагам за транспарентност и вистинска правда

Во контекст на обвинувањата кои произлегуваат од кујните на СДС, Левица и ним блиските полуги, а кои упатуваат на брутално…

February 7, 2025
МАКЕДОНИЈА

Тројца отповикани и двајца со истечен мандат остануваат како в.д. амбасадори

Тројца од осумте амбасадори кои беа повлечени поради автентичното толкување на Законот за надворешни работи според кое тие без целосно…

May 10, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?