Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Владата негира дека троши државни пари за политичката кампања
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Владата негира дека троши државни пари за политичката кампања
ПОЛИТИКА

Владата негира дека троши државни пари за политичката кампања

Објавено September 9, 2025 17:34
Сподели
Сподели

Владата ги отфрли , како што велат, изнесените невистини и обиди за манипулација од страна на СДСМ и Левица околу јавната набавка за изнајмување и ракување со опрема за симултан превод и аудио и видео поддршка на настани, која според нив, се спроведувала години наназад.

Во врска со најновите инсинуации и конструктивни лаги пласирани во јавниот простор од страна на СДСМ и Левица, Владата со најсилна индигнација ги отфрла изнесените невистини и обиди за манипулација на граѓаните.

-Ова претставува уште еден доказ за безидејноста и политичката немоќ на овие партии кои наместо да понудат решенија за реалните проблеми на народот, се занимаваат со фабрикување лажни афери и деструктивни наративи. Дополнително, фактот што политичките партии СДСМ и Левица синхронизирано коалициски манипулираат докажува дека сакаат да направат сензација од тема која е ништо повеќе од тековно работење на Владата.

Фактите се јасни, проверливи и непобитни. Станува збор за јавна набавка која со години наназад се спроведува, разликата е што денес се спроведува во согласност со законските процедури и принципите на јавна транспарентност. Набавката е склучена за изнајмување и ракување со опрема за симултан превод и аудио и видео поддршка на настани во внатрешен и надворешен простор на временски период од две години, што значи дека исплатата ќе се врши исклучиво врз основа на реализацијата, а не однапред фиксирана сума.

За споредба, во 2023 година Владата на СДСМ и ДУИ склучила договор на ист временски период во вредност од 30.000.000 денари без ДДВ, и тоа без рамковна спогодба, со што обврската кон буџетот била однапред целосно преземена. Ова се факти кои го разобличуваат лицемерието и двојните стандарди на оние кои денес се обидуваат да креираат афера таму каде што ја нема.

Јавноста треба да знае дека денес транспарентноста и отчетноста се единственото начело на работа на Владата. Нема повеќе тајни зделки, тендери зад затворени врати и договори „во четири очи“, што беа белег на владеењето на СДСМ и ДУИ. Денес сè е ставено на увид на граѓаните и на институциите. Како Влада нема да дозволиме дезинформациите и политичките конструкции да ја засенат вистината, реагираат од Владата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија СДСМ обвини: Владата склучила договор од речиси милион евра за партиска кампања на ВМРО-ДПМНЕ
Следна Статија Мардок го реши спорот со децата: Тројца добија по 1,1 милијарда долари, синот ја контролира медиумската империја

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Владата за 30 дена ја продолжи кризната состојба за шумските пожари

Владата на одржаната 100-та седница донела одлука за продолжување на кризната состојба предизвикана од пожарите на отворено за 30 дена.…

August 7, 2025
ПОЛИТИКА

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ сака да ја врати Македонија во времето на страв и уцени

ВМРО-ДПМНЕ сака повторно да ја врати Македонија во времето на страв, на уцени и притисоци, но граѓаните нема да потклекнат,…

October 30, 2025
ПОЛИТИКА

Фетаи: Таравари е во скутот на Ахмети, се обиде сите да нè продаде за неколку општини! Бараше од Мицкоски да ја исфрли Вреди од владата и да ја внесе ДУИ

„Арбен Таравари е во скутот на Али Ахмети, како политички трговец се обиде да нè продаде сите за неколку општини.“…

June 19, 2025
ПОЛИТИКА

Лабудовиќ: Со добра организација и добар тим за четири години Центар ќе биде подобро место за живеење

– Ништо не е тешко доколку се влезе со чиста мисла и добра намера. За сè треба време, но со…

September 25, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?