Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Владата одлучи: Вонредни контроли на сите фирми за производство на медицински канабис
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Владата одлучи: Вонредни контроли на сите фирми за производство на медицински канабис
МАКЕДОНИЈА

Владата одлучи: Вонредни контроли на сите фирми за производство на медицински канабис

Објавено February 10, 2026 19:10
Сподели
Сподели

Се со цел да се спречи индустриско нелегално производство на медицински канабис и пласман кон нелегалниот домашен и меѓународен пазар, Владата на денешната 149 седница ја разгледа информацијата во врска со лиценци за производство на канабис за медицински цели, информира владината портпаролка Венера Љатифи- Азизи.

Владата ги донесе следните заклучоци:

Владата ги задолжи институциите во рамките на своите надлежности да ги преземат сите законски утврдените мерки и активности и да извршат вонредни контроли на сите правни лица, кои имаат одобрение за одгледување и производство на канабис за медицински цели на цела територија на Република Македонија и во рок од 45 дена да достават извештај до Владата.

Исто така, Влада ќе ги именува членовите на меѓуресорската државна комисија за борба против недозволено производство, трговија и злоупотреба на дроги. Напоменуваме дека од 2017 година откако е формирана комисијата, истата воопшто не била активна и нема резултат. За таа цел, Владата во иднина ќе бара редовни извештаи.

Владата исто така донесе одлука за конечно решавање на паркирањето во Клиничкиот кампус „Мајка Тереза” со која се затвораат административните прашања што со децении го попречуваа уредувањето на паркирањето во Клиничкиот кампус „Мајка Тереза“. Со оваа одлука се создава правна основа за потпишување договор меѓу Министерството за здравство и Градот Скопје. Министерството за здравство, во рок од три месеци, го заврши процесот на регистрација на парцелите во Катастар и изработка на соодветните елаборати, со што се отвора патот за изградба на модерен и функционален паркинг, вклучително и катни гаражи, како и воведување софтверско решение за ефикасно управување. Проектот ќе обезбеди подобри услови за пациентите, здравствените работници и граѓаните кои ги користат услугите на кампусот.

Воедно, сакам да ја информираме јавноста дека на владината седница се усвои Предлог-законот за Советот на Јавни Обвинители, кој заедно со предлог законот на Јавно обвинителство доби позитивно мислење од Венецијанската комисија. Усвојувањето на овие два закони од страна на Собрание значи исполнување на чекорот од Реформската агенда. Нашата цел како Влада е да воспоставиме неселективност во постапувањето и да преземаме политики во интерес на граѓаните. Продолжуваме со реализација на програмата на Влада, а тоа е обезбедување на подобар, поквалитетен и побезбеден живот за сите – рече таа.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Многу прашања неодговорени: Поминаа 30 години од атентатот врз претседателот Глигоров
Следна Статија Арбен Зибери ја напушти ДУИ, му се приклучи на Меџити

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Симона Стојкова се огласи на Фејсбук: Објавата е лажна, не сум исчезната!

Објавата дека сум исчезната е лажна! Напиша на својот фејсбук-профил Симона Стојкова, девојката за која вчера беше објавено дека е исчезната. На…

April 25, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски од Брисел: Ние одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но не сме дел од неа поради вештачки причини

Добро е кога Западниот Балкан е во оптиката на Европската Унија и тоа е охрабрувачки и за граѓаните од регионот,…

December 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

На празникот 8 Септември, автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред

На државниот празник 8 Септември, Денот на независноста, автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие ќе сообраќаат по неделен возен ред. Од…

September 5, 2025
МАКЕДОНИЈА

Има буџет за 1.117 нови вработувања и 600 приватни специјализанти, конкурсите од стартот на новата година

Обезбедивме буџет за 1.117 нови вработувања и 600 приватни специјализанти, а со почетокот на новата година ќе се објават конкурсите,…

December 30, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?