Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Владата почна постапка за разрешување на државниот обвинител Љупчо Коцевски
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Владата почна постапка за разрешување на државниот обвинител Љупчо Коцевски
МАКЕДОНИЈА

Владата почна постапка за разрешување на државниот обвинител Љупчо Коцевски

Објавено February 11, 2025 16:52
Сподели
Сподели

Владата донесе одлука да поведе постапка за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски. 

Одлуката, попладнево на прес-конференција, ја соопшти портпаролката на Владата, Марија Митева.„Разочараноста на Владата од постапувањето надвор од законските надлежности, разочараноста на граѓаните од системот кој не функционира, а секојдневното продолжување со ваквите состојби резултира со нарушена доверба и нефункционирањето на правната држава“, рече Митева.

Како причини за ваквата одлука е последниот Индекс за корупцијата на „Транспаренси интеренешенел“ според кој Македонија падна за 12 места подолу на скалата во однос на 2023. Како причина се наведува и последното именување за вршител на должноста шеф на Вишото јавно обвинителство во Скопје, кое, според Владата е незаконско.

Според Законот за јавно обвинителство, републичкиот обвинител го избира и разрешува Собранието, а го предлага Владата од оние кандидати за кои добила позитивно мислење од Советот на јавни обвинители.

Мандатот на републичкиот обвинител трае шест години, а Коцевски беше избран на оваа позиција пред една година.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Дневен хороскоп за Рак – вторник, 11 февруари 2025
Следна Статија Дневен хороскоп за Лав – вторник, 11 февруари 2025

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Ангелов: Пожарот во Јасен се влошува, но со брза интервенција е запрен

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов информира дека состојбата со пожарот во Јасен се влошува и оти…

August 19, 2025
МАКЕДОНИЈА

Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план

Без разлика дали пристапните преговори почнале или не, јасно е што треба да се направи за да се исполнат критериумите.…

December 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Карадакоски ќе биде погребан утре, телото вчера донесено во Македонија

Телото на Александар Карадакоски, 60-тата жртва од пожарот во Кочани, вчера е транспортирано во Македонија од Литванија, по што е…

April 7, 2025
МАКЕДОНИЈА

Новогодишната декорација во Скопје чини 53 илјади евра: Линк Медиа Плус го доби тендерот

Скопје ќе добие новогодишно украсување вредно 3.260.000 денари (околу 53 илјади евра), а тендерот го доби скопската фирма „Линк Медиа…

December 7, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?