Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план
МАКЕДОНИЈА

Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план

Објавено December 17, 2025 10:46
Сподели
Сподели

Без разлика дали пристапните преговори почнале или не, јасно е што треба да се направи за да се исполнат критериумите. Патоказот постои и сите би сакале да видиме повеќе напредок на тој план. Тоа го порача вечерва американската амбасадорка во државава Анџела Агелер, зборувајќи за македонските евроинтеграции во гостување во „Тема на денот“ на ТВ Сител.

Според Агелер, и покрај разговорите за пристапување и членство во ЕУ на никаков начин не треба да бидат закочени напорите што се суштински дел од процесот за потребните реформите.

Како САД, рече Агелер, сме многу јасни дека местото на Македонија е во Европа.

Кога ги гледаме коридорите 8 и 10, националната безбедност на оваа држава и на регионот, тоа е многу важно и за трансатлантската врска. Затоа внимателно го следиме и сме исто така многу јасни. Погледенете, ова е местото каде е, ЕУ е природниот дом на оваа држава. Тоа што знам е дека оваа Влада води разговори, има чести разговори со земји членки, со лидери во Европската унија, Европската комисија и искрено бара начини како да се оди напред. Дали сите би сакале да видиме напредок и повеќе резултати? Мислам дека да. Но исто така мислам дека е важно да се има предвид дека и покрај разговорите за пристапување и членство во ЕУ тоа не треба на никаков начин да ги закочи напорите кои се потребни, а кои се суштински дел од процесот во однос на реформите, затоа што реформи се потребни и искрено патот е многу јасен. Значи, без разлика дали пристапните преговори почнале или не, јасно е што треба да се направи за да се исполнат критериумите. Патоказот постои и мислам дека сите би сакале да видиме повеќе напредок на тој план – рече Агелер.

Таа дополни дека тоа е многу важно и за гласачите и оти постојано преку своите гласови и пораки кажуваат дека сакаат државата да напредува. И тоа се областите во кои сакаат да видат напредок – економијата, можностите и сите тие работи. Тоа е владеењето на правото и нема причина да не се оди напред во тие области, вели Агелер.

Според неа, политичката криза во Бугарија не треба да го загрози процесот за дијалог затоа што, истакнува, членството на Македонија е во интерс на сите, вклучително и на соседите.

Јас сум амбасадор на САД во Македонија. Би било несоодветно да зборувам опширно за тоа, но ова треба да биде нешто што не треба да се закочи. И го имаме видено тоа со вашите соседи неколкупати досега. Кога се менувале влади, кога имало избоир. Тоа не треба да го загрози целиот процес и мојата надеже а и искрено уверување дека има луѓе со добра волја од двете страну на границата кои сакат ова да продолжи. Затоа што искрено членството на Македонија е во интерес на сите, вклучително и на соседите и тоа го видовме многу јасно со Грција на пример, сега тие се огромен економски партнер, безбедносен партнер, воен партнер и нема причина тоа да не се случи и со Бугарија. Нашата најголема надеж е дека ќе успеат да најдат начин како да продолжат затоа што повторно тоа е во најдобар интерес. Географијата е јасна – порача Агелер.

Таа не очекува наскоро САД да настапат како посредник меѓу Македонија и Бугарија, но укажува дека има искрена загриженост и интерес и поддржувачки интерес за тоа што се случува во нашата држава.

Ние, истакна таа, секогаш ќе бидеме и сме биле цврсти поддржувачи, пријатели и сојузници на оваа држава, како што всушност сме и со Бугарија.

Дали САД ќе влезат да бидат посредник? Не би го очекувала тоа наскоро, сепак внимателно следиме. Вашинготон е многу заинтерсиран за тоа што се случува во оваа држава, особено министерот за надворешни работи, но и премиерот, како и други министри имаат патувано во САД , имаат одлични контакти со највисоките функционери во Вашингтон, имаат навистина добри разговори кои често ги водат на самити, на различни места, низ навистина добри разговори. Затоа има внимание, има искрена загриженост и интерес и поддржувачки интерс за тоа што се случува во оваа држава. Тоа секогаш е можност, но исто така сакаме да бидеме сигурни дека државата Владата го прави она што е најдобро за интересите на своите граѓани и на своите гласачи и продлжуваме тоа внимателно да го следиме – рече амбасадорката Агелер.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски ќе учествува на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Брисел
Следна Статија САД војската извести за осум загинати во напади на наводни бродови за дрога

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Андоновски: Стапуваат на сила измените на Законот за електронски комуникации, во првиот бран ќе бидат забранети над 160 веб страници за нелегално коцкање

Измените на Законот за електронски комуникации поминаа изминатата недела, потребни се седум дена да стапат на сила и да се…

March 15, 2025
МАКЕДОНИЈА

Судот му одреди мерки на претпазливост на Јован Деспотовски

Основниот Кривичен суд го прифати предлогот на Јавното обвинителство и на поранешниот директор на ТИРЗ, Јован Деспотовски, му определи мерки…

December 28, 2024
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска-Давкова: Ова што се случува со Владата на Жељазков се разбира дека се одразува на односот кон актуелните прашања

Сите бугарски влади досега имаа проблем со опстојувањето и ова што се случи со Владата на премиерот Росен Жељазков, некако…

December 3, 2025
МАКЕДОНИЈА

Македон освои два златни медали на Германската математичка олимпијада!

Младиот математичар Македон Димитровски постигна историски успех на Германската математичка олимпијада. Тој освои златен медал во индивидуална конкуренција по математика…

May 3, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?