Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски ќе учествува на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Брисел
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски ќе учествува на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Брисел
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски ќе учествува на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Брисел

Објавено December 17, 2025 10:43
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски, кој престојува во работна посета на Брисел, попладнево ќе учествува на Самитот ЕУ-Западен Балкан, кој ќе претставува можност за демонстрирање и потврда на силата на стратешкиот однос меѓу Унијата и регионот и придобивките што тој ги носи за граѓаните.

На Самитот, со кој ќе претседава претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, покрај премиерот Мицкоски, ќе учествуваат и лидерите на останатите пет земји кандидати или аспиранти за членство во Унијата од Западниот Балкан, како и високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас.

Главни теми на собирот ќе бидат стратешко партнерство меѓу ЕУ и Западен Балкан, постепената интеграција во Унијата и Планот за раст на регионот, како и надворешните работи, безбедноста и одбраната.

Како што најави Советот на ЕУ, предвидено е на крајот од Самитот да биде објавена декларација и од партнерите од Западниот Балкан се очекува да се усогласат со неа.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Конзервативната победа во Чиле предизвикува политички земјотрес
Следна Статија Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Ајде заедно да ја напишеме новата приказна на нашата татковина!, порача Мицкоски од Чаир

Нашата борба не е само за една општина, не е само за еден град. Нашата борба е за секое семејство,…

October 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

Нестабилно време со повремен дожд и грмежи до крајот на неделава

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса утре времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд…

September 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

Андоновски: Стапуваат на сила измените на Законот за електронски комуникации, во првиот бран ќе бидат забранети над 160 веб страници за нелегално коцкање

Измените на Законот за електронски комуникации поминаа изминатата недела, потребни се седум дена да стапат на сила и да се…

March 15, 2025
МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Филипче: Опасност од мигранти, проблем е Владата на ВМРО-ДПМНЕ и нејзините тајни разговори

Велика Британија ќе ѝ исплаќа на Македонија по 20.000 фунти за секој депортиран мигрант, а тие тука треба да добијат…

December 9, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?