Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Андоновски: Со измените на Законот за електронски комуникации го спречуваме нелегалното приредување на Онлајн игрите на среќа
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Андоновски: Со измените на Законот за електронски комуникации го спречуваме нелегалното приредување на Онлајн игрите на среќа
МАКЕДОНИЈА

Андоновски: Со измените на Законот за електронски комуникации го спречуваме нелегалното приредување на Онлајн игрите на среќа

Објавено February 25, 2025 15:31
Сподели
Сподели

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, на денешната 34-та седница на Собранието на Република Македонија, се обрати пред пратениците каде што ги презентираше предлог измените на Законот за електронски комуникации со кој се забранува нелегалното приредување на Онлајн игрите на среќа.

-Се соочуваме со една драматично влошена состојба во поглед на игрите на среќа, кој што за жал е во подем и во нашата држава, но и во регионот, најголем број од младите, тинејџерите се зафатени од оваа пандемија особено од нелегалните игри на среќа кои што се организираат преку нелегални онлајн платформи. Измените на законот ќе ни дозволат како институции да го спречиме ова нелегално приредување на онлајн игрите на среќа, кое претставува опасност од крадење на лични податоци како и злоупотреба на платежните картички на граѓаните бидејќи врз овие провајдери нема никаква контрола, изјави во своето обраќање Андоновски.

Андоновски го објасни начинот со кој овие измени ќе им овозможат на институциите да се справат со ваквите нелегални појави.

-Измените на овој закон ќе ни овозможат како министерство во соработка со Министерството за финансии и АЕК да се справуваме со овие прашања, на начин што по добиено известување од државниот приредувач на игри на среќа за оние провајдери кои што немаат добиено соодветна лиценца и верификација на истата од страна на Министерството за финансии на кои ентитети се издадени лиценци, Министерството за дигитална трансформација ќе испрати налог до АЕК за прекинување на правото на пристап до овие веб страници на оние граѓани од Република Македонија кои што сакаат да пристапат до овие веб страници, а во втората фаза овој закон ни дозволува и можност за прекршочни одредби,појасни министерот Андоновски.

Министерот своето излагање го заврши со зборовите дека очекува поддршката од сите пратеници и пратенички групи бидејќи оваа битка не е само на владата туку на целото општество против една пандемија која ни се случува во последниве години.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Николоски: Со законски измени ќе овозможиме да се доизградат патиштата, зградите во Универзитетскиот кампус, зградата на Народна банка
Следна Статија Средба на гувернерката Ангеловска-Бежоска со Марникс ван Рај, висок претставник на ММФ: Политиките на централната банка имаат голем придонес за макроекономската стабилност

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Денес пеколно топло со температури од 43 степени

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер…

July 26, 2025
МАКЕДОНИЈА

Кадриу открива како Заев и Шеќеринска на рака им давале на Ленче, Гаврил, Лиле и Фатиме од СЈО материјали на рака без записник

Имавме кујна и еден ден отидов да си земам кафе. Излегувам од канцеларијата и ги гледам Зоран Заев и Шеќеринска,…

February 8, 2026
МАКЕДОНИЈА

Охрид СОС: Се загрозува дел од архитектонското наследство за да се изгради голем станбен објект

Без никаква најава градежни машини почнаа да го расчистуваат просторот околу куќата на улицата „Димитар Влахов” во Охрид, која реално…

May 30, 2026
МАКЕДОНИЈА

Приватните превозници повторно се исклучија од сообраќај и се упатија кон Град Скопје

Приватните превозници повторно се исклучија од сообраќај и се упатија кон Град Скопје за да го изразат своето незадоволство. Како…

November 27, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?