Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Средба на гувернерката Ангеловска-Бежоска со Марникс ван Рај, висок претставник на ММФ: Политиките на централната банка имаат голем придонес за макроекономската стабилност
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Средба на гувернерката Ангеловска-Бежоска со Марникс ван Рај, висок претставник на ММФ: Политиките на централната банка имаат голем придонес за макроекономската стабилност
ЕКОНОМИЈА

Средба на гувернерката Ангеловска-Бежоска со Марникс ван Рај, висок претставник на ММФ: Политиките на централната банка имаат голем придонес за макроекономската стабилност

Објавено February 25, 2025 18:13
Сподели
Сподели

Гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска оствари средба со Марникс ван Рај, заменик извршниот директор во Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), кој е во посета на нашата земја во рамките на редовната мисија на ММФ за оцена на макроекономските политики на земјата.

На средбата се зборуваше за политиките на централната банка во изминатиот период на последователни кризи, како и за предизвиците за следниот период. Притоа беше оценето дека соодветно поставените политики и преземените мерки придонесоа за значително намалување на инфлациските притисоци, одржување на стабилноста на девизниот курс како номинално сидро, пораст на девизните резерви и за одржување на стабилноста на банкарскиот систем. Сите овие подрачја на редовна основа се разгледуваат со претставниците на ММФ во рамките на мисиите поврзани со членот 4 од договорот за членство во Фондот. Марникс ван Рај изрази позитивен став за начинот на спроведување на монетарната и макропрудентната политика од страна на Народната банка и нагласи дека е потребно натамошно претпазливо водење на политиките, со оглед на тековните ризици од надворешното окружување.

Гувернерката на Народната банка, Ангеловска-Бежоска, посочи дека централната банка е посветена на одржувањето на севкупната макроекономска стабилност и упати на потребата од внимателност, во услови на зголемени глобални неизвесности, но и домашни ризици. Воедно, таа се осврна и на банкарскиот систем, при што истакна дека Народната банка постојано презема повеќе макропрудентни мерки за понатамошно јакнење на отпорноста на банкарскиот сектор. Како резултат на овие мерки, податоците покажуваат унапредување на отпорноста на банкарскиот сектор во однос на преткризниот период, со највисока адекватност на капиталот во изминатите две децении.

На средбата со високиот претставник на ММФ беше зборувано и за значењето на независноста на централната банка за успешното остварување на нејзините законски цели.


Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Андоновски: Со измените на Законот за електронски комуникации го спречуваме нелегалното приредување на Онлајн игрите на среќа
Следна Статија Владата го усвои предлогот за разрешување на јавниот обвинител Љупчо Коцевски

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Владата донесе две одлуки за набавка на пченица и оризова арпа од домашното производство

Владата согласно последните измени на Законот за стокови резерви, денес донесе 2 одлуки за набавка на пченица и оризова арпа…

July 22, 2025
ЕКОНОМИЈА

ЕУ ја одобри втората транша средства за Македонија во рамките на Инструментот за реформи и раст

Со Одлука за спроведување на Европската комисија, Европската Унија го одобри второто ослободување на средства за Република Македонија во рамките…

October 17, 2025
ЕКОНОМИЈА

Еу ги отфрли сите предлози на превозниците од регионот, можна е ескалација со блокади

Европската комисија (ЕК) ги отфрли сите предлози испратени од земјите од Западен Балкан со цел да се најде компромис за…

February 16, 2026
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Во 2028 година Македонија ќе биде лидер во инфраструктурата во регионот

На крајот од мандатот на оваа Влада, Македонија ќе биде лидер во инфраструктура во регионот, истакна во вечерашното гостување во…

August 18, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?