Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Николоски: Со законски измени ќе овозможиме да се доизградат патиштата, зградите во Универзитетскиот кампус, зградата на Народна банка
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Николоски: Со законски измени ќе овозможиме да се доизградат патиштата, зградите во Универзитетскиот кампус, зградата на Народна банка
МАКЕДОНИЈА

Николоски: Со законски измени ќе овозможиме да се доизградат патиштата, зградите во Универзитетскиот кампус, зградата на Народна банка

Објавено February 25, 2025 15:29
Сподели
Сподели

Во насока на заштита на државниот капитал и државните интереси, Министерството за транспорт направи измени на Законот за градење со кои измени се овозможуваат остварување на правата на градење кон јавните органи, односно се овозможува реализација на веќе започнатите градби на државните органи.

-Измените на Законот за градење денеска беа изгласани на владина седница и согласно законските прописи ќе бидат испратени на разгледување и усвојување во Собранието. Овие измени се насочени кон унапредување на процесите за издавање на одобренијата за градење и поедноставување на постапките за инфраструктурни проекти доминантно спрема јавните органи. Целта на предложените измени е да се решат сите затекнати проблеми во текот на градбите, како и да се олесни користењето на објектите, со што ќе се овозможи побрза и поефикасна реализација на инфраструктурните проекти. На тој начин се овозможува реализација на веќе започнатите градби од страна на државните органи преку нивна доизградба и делот на ставање на употреба, информираат од Министерството.

Со измените исто така се олеснуваат постапките за изградба на патна и железничка инфраструктура финансирани од буџетски средства.

Со предложените измени се прави и усогласување на Законот за урбанистичко планирање со Законот за градење во делот на новите градби за складирање на енергија до 1 и над 1 мегават, со тоа што со новите измени се прави законско регулирање на таквите градби преку издавање на одобрение за градење за кои што досега за нив немаше реулирана процедура.

-Имајќи предвид дека голем дел од наследените проекти од претходните влади се заглавени, започнати и не довршени, ова е неопходен чекор во заштита на државниот капитал. И заради тоа измените на законот се суштински за да можеме да ги доизградиме патиштата, зградите на Универзитерскиот кампус, зградата на Народна банка, желеницата и сите други проекти кои се платени со народни пари а стојат недовршени” истакна вицепремиерот Николоски.

Министерството за транспорт овие измени ги направи во тесна соработка со општините и јавните претпријатија, се со цел да се поедностави постоечката регулатива во областа на градежништвото и инфраструктурата.

Со сите овие измени сметаме дека ќе се создадат поповолни услови за реализација на капитални проекти.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Бундесбанк пријави прва загуба од 1979 година
Следна Статија Андоновски: Со измените на Законот за електронски комуникации го спречуваме нелегалното приредување на Онлајн игрите на среќа

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Струмица не доби пари оти конкурирала со веќе почнат проект, Мицкоски апелира до 16 ноември да поднесат нови проекти

Трите локални самоуправи кои не добија пари од унгарскиот кредит, Струмица, Град Скопје и Теарце, до 15 ноември можат да…

October 17, 2024
МАКЕДОНИЈА

Потресно сведоштво на херојот Јован: Страшни глетки од „Пулс“ – „Го дадов последниот здив за да спасам живот“

Со маса го скршив прозорецот и со цревото прскавме вода внатре. Вака 19 годишниот Јован Костадинов кој спаси 21 живот…

March 30, 2025
МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Чупеска: За страшната трагедија во Кочани мора да има одговорност

Потпретседателката на СДСМ, Ана Чупеска денеска на прес-конференција од седиштето на партијата побара одговорност од министерот за внатрешни работи Панче…

March 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски до Беџети: ЕУ е вредност која не подразбира купување скапи трговски центри и дуќани во центарот на Скопје

„За жал поради начинот на кој што владеевте изминативе 7 години ДУИ и СДСМ, ние денес сме таму каде што…

October 31, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?