Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Владата почна постапка за разрешување на државниот обвинител Љупчо Коцевски
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Владата почна постапка за разрешување на државниот обвинител Љупчо Коцевски
МАКЕДОНИЈА

Владата почна постапка за разрешување на државниот обвинител Љупчо Коцевски

Објавено February 11, 2025 16:52
Сподели
Сподели

Владата донесе одлука да поведе постапка за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски. 

Одлуката, попладнево на прес-конференција, ја соопшти портпаролката на Владата, Марија Митева.„Разочараноста на Владата од постапувањето надвор од законските надлежности, разочараноста на граѓаните од системот кој не функционира, а секојдневното продолжување со ваквите состојби резултира со нарушена доверба и нефункционирањето на правната држава“, рече Митева.

Како причини за ваквата одлука е последниот Индекс за корупцијата на „Транспаренси интеренешенел“ според кој Македонија падна за 12 места подолу на скалата во однос на 2023. Како причина се наведува и последното именување за вршител на должноста шеф на Вишото јавно обвинителство во Скопје, кое, според Владата е незаконско.

Според Законот за јавно обвинителство, републичкиот обвинител го избира и разрешува Собранието, а го предлага Владата од оние кандидати за кои добила позитивно мислење од Советот на јавни обвинители.

Мандатот на републичкиот обвинител трае шест години, а Коцевски беше избран на оваа позиција пред една година.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Дневен хороскоп за Рак – вторник, 11 февруари 2025
Следна Статија Дневен хороскоп за Лав – вторник, 11 февруари 2025

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Хајредини: Само македонскиот народ има право да одлучува за идентитетот, јазикот…

„Во врска со прашањaта за идентитетот, историјата и македонскиот јазик, право да одлучува има само македонскиот народ. Албанците нивната одлука…

April 19, 2025
МАКЕДОНИЈА

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија

Во врска со веста објавена на неколку интернет портали за наводен пожар во магацин во кругот на Макстил, ја информираме…

December 14, 2025
МАКЕДОНИЈА

Николоски за предлог резолуцијата на СДСМ: Сакаат да ги „исперат гревовите“ кои ги направија со бугарскиот диктат

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во емисијата „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека предлог резолуцијата на СДСМ е…

September 26, 2025
МАКЕДОНИЈА

Скопје маршира за женски права: „Нека јадат ружи!“

Со извикување во еден глас „Жени, живот, слобода“ пред Универзалната сала во Скопје започна Маршот за женски права организиран од…

March 8, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?