Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Владата прогласи кризна состојба од 30 дена поради пожарите
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Владата прогласи кризна состојба од 30 дена поради пожарите
МАКЕДОНИЈА

Владата прогласи кризна состојба од 30 дена поради пожарите

Објавено July 8, 2025 17:38
Сподели
Сподели

Владата донесе одлука за прогласување на кризна состојба од 30 дена на цела територија на државата поради зголемената појава на пожари.

Портпаролката на Владата Марија Митева попладнево на прес-конференција соопшти дека одлуката е донесена врз основа на денешната седница на Управувачкиот комитет за координација и управување со системот со кризи.

– Ова на терен значи дека се овозможува интегриран пристап и координирано дејствување на сите надлежни институции – Армијата, полицијата, сите противпожарни единици, Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување и локалните самоуправи. Ќе се мобилизираат сите ресурси вклучително и човечки, технички, логистички се со цел да се справиме со пожарите и заштита на населението, рече Митева.

Владата, како што посочи, ќе обезбеди помош за сите засегнати подрачја со цел спречување на поголеми последици.

Ги повика граѓаните на максимална внимателност и почитување на сите препораки и забрани.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ОЈО бара притвор за скопјанецот кој запали трева во Ѓорче
Следна Статија Ставен под контрола пожарот во парк шумата Гази Баба

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Среде Скопје ќе се организира протест за УЧК и Хашим Тачи, поддршка ќе даде и Ахмети

Хисни Гуцати, претседателот на Организацијата на ветерани на Ослободителната војска на Косово изјави дека следниот протест ќе се одржи во Скопје,…

November 28, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски на средба со Марта Кос, планот за раст главна тема

 Еврокомесарката за проширување Марта Кос денеска пристигна во посета на земјава по повод учеството на лидерската средба ЕУ - Западен…

June 30, 2025
МАКЕДОНИЈА

Државната лабораторија неакредитирана – квалитетот на воздухот во најзагадениот град во Европа го следи само еден вработен

Централната лабораторија на Министерството за животна средина сѐ уште не е акредитирана за ниту една метода за следење на квалитетот…

September 15, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Секој кој ќе отвори тема за идентитетските прашања не мисли добро на соседот, а уште помалку ги почитува европските вредности

 Премиерот Христијан Мицкоски вчера од Брисел порача дека секој кој ќе отвори тема за идентитетските прашања не мисли добро на…

December 20, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?