Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Владата усвои препораки поради топлотниот бран
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Владата усвои препораки поради топлотниот бран
ЗДРАВЈЕ

Владата усвои препораки поради топлотниот бран

Објавено July 22, 2025 17:01
Сподели
Сподели

Министерството за здравство ја информира јавноста дека согласно најновата прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), топлотниот бран со температури над 40°C ќе продолжи до 26 јули 2025 година.

Имајќи го предвид кумулативниот ефект на продолжената изложеност на високи температури врз здравјето на ранливите категории на население, Владата, на предлог на Министерството за здравство усвои дополнителни препораки за работодавачите, кои ќе важат во периодот од 23 до 26 јули 2025 година:

-Се препорачува ослободување од работни обврски за бремени жени и лица постари од 60 години.
-Каде што е можно, да се овозможи работа од далечина, флексибилно или двократно работно време.
-Овие препораки не важат за вработените во критичната инфраструктура, како што се здравството, полицијата, армијата, транспортот, енергетиката и јавните комунални претпријатија.

Дополнително, Владата потсетува на веќе важечките мерки од акцискиот план:

  • Одложување на работниот процес од 11:00 до 17:00 часот за работници изложени на директна топлина.
  • Обврска за обезбедување микроклиматски услови за работа – простории со температура до 25°C, освен каде што природата на работата не дозволува поинаку.
  • Континуирано информирање на јавноста преку институциите.
  • Активирање на интерните протоколи за работа во вонредни услови во сите здравствени установи, домови за стари лица и образовни институции.

Сите останати институции опфатени со Акцискиот план се повикуваат да продолжат со спроведување на своите обврски и активности.

Истовремено Министерството за здравство апелира населението да се придржува до постоечките препораки за самозаштита:

  • Престојувајте во разладени простории, особено од 11:00 до 17:00 часот.
  • Внесувајте доволно течности, избегнувајќи алкохол и засладени пијалоци.
  • Носете лесна и светла облека, користете заштита за глава и очи.
  • Избегнувајте физичка активност во најтоплите часови.
  • Посветете внимание на деца, стари лица, хронично болни и бремени жени – тие се особено ранливи.
  • При симптоми како вртоглавица, главоболка, гадење или забрзан пулс – веднаш побарајте медицинска помош.
  • Одложете активности на отворено во критичниот дел од денот.
  • Обезбедете разладени простории (до 25°C) на работното место и во домот.

Министерството за здравство продолжува со дневен мониторинг на состојбата и ќе постапува соодветно согласно проценките и потребите.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Три лица се хоспитализирани по пожарот во Кочани
Следна Статија Затворен за сообраќај магистралниот пат кон граничен премин во земјава

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Алиу апелира: Граѓаните да пријават евентуални неправилности во врска со кардиолошките интервенции

Министерството за здравство информира дека сите граѓани имаат можност да пријават сознанија за евентуални неправилности во врска со вршењето кардиолошки…

August 27, 2025
ЗДРАВЈЕ

Велес: Гинекологот и ја сошил матката со мочниот меур – ќе и плати 15.000 евра

Гинеколог од Велес на млада пациентка и ја сошил матката со мочинот меур за време на едно породување кое го…

January 11, 2025
ЗДРАВЈЕ

Клековски: По повеќе од 10 години одложување одлучивме да ја зголемиме партиципацијата за здравствени услуги, наместо 40 ќе се плаќа 60 денари

По повеќе од 10-годишно одложување се одлучивме да ги зголемиме цените за основниот специјалистички пакет и за интернистичкиот пакет, изјави…

December 25, 2025
ЗДРАВЈЕ

Законот за заштита од пушење не се одложува – следната недела ќе биде доставен до Влада

Министерството за здравство останува целосно посветено на донесување и имплементација на Законот за заштита од пушење, согласно законските рокови. -Во…

February 16, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?