Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Владата ќе даде 1,7 милиони евра за македонскиот павилјон на ЕКСПО 2027 во Белград
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Владата ќе даде 1,7 милиони евра за македонскиот павилјон на ЕКСПО 2027 во Белград
МАКЕДОНИЈА

Владата ќе даде 1,7 милиони евра за македонскиот павилјон на ЕКСПО 2027 во Белград

Објавено July 12, 2025 11:37
Сподели
Сподели

Владата склучи договор вреден 1,7 милиони евра за осмислување и реализација на саемско претставување на Македонија на ЕКСПО 2027 во Белград, Србија, со здружението за културен и економски развој и поврзување „Јавна соба“ од Скопје, чиј претседател е Александар Велиновски. Договорот склучен на 9 јули 2025 е во вредност од 106.044.240 денари или 1.724.297 евра, а го склучил Генералниот секретаријат на Владата претставуван и застапуван од генералниот секретар Игор Јанушев, според објавениот документ на сајтот Јавни набавки.

Според договорот, склучен како најповолна понуда и треба да трае најмногу 30 месеци, „Јавна соба“ треба да го осмисли и изведе комплетното саемско претставување на Македонија на ЕКСПО 2027, од дизајн на лого за македонскиот павилјон, преку архитектонски решенија, визуелни инсталации, видеоспотови, закуп на медиумски простор во српските медиуми, престој на 7 обучени промотери во текот на 4-те месеци, свеченото отворање и натамошната културна програма, видеодокументирање на павилјонот и слично.

ЕКСПО 2027 Белград ќе се одржи од 15 мај до 15 август 2027 година и за првпат оваа меѓународна изложба се одржува на Западен Балкан. Според организаторите, 117 земји официјално потврдија присуството на ЕКСПО 2027, а се очекува дека во текот на 93 дена од изложбата, во Белград ќе дојдат над четири милиони посетители.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Актерот Џулијан Мекмахон починал од рак
Следна Статија Граѓаните на Ѓорче Петров го пречекаа победникот на „Ѕвездите на Гранд“, Никола Станишиќ

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

ВИДЕО: Моментот кога Бујар Османи и Арбер Адеми сфаќаат дека Груби е ставен на американската црна листа

Бујар Османи буквално избега од интервју кога среде емисија ја чу веста за Артан Груби на Црна листа на САД.…

December 10, 2024
МАКЕДОНИЈА

Митева: Нов канал за директна комуникација со повредените во трагедијата во Кочани – 070 355 526

Во овие моменти, кога Кочани и цела Македонија сè уште ја чувствуваат болката од трагедијата што ја потресе нашата држава,…

June 7, 2025
МАКЕДОНИЈА

Неплатена казна – забранет влез во Македонија, ниту странските возила не се изоставени од системот „Безбеден град

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска го објасни новиот модел за санкционирање на возила со странски регистарски таблички кои…

December 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Избувна пожар кај Желино

Пожар попладнево избувна во тетовско Желино, соопшти директорот на дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. Тоа е прв активен…

August 3, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?