Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Влада: Одлуката на САД за царинските трошоци, нема да има голем импакт врз нашата економија, но ние имаме подготвен план за надминување на ситуацијата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Влада: Одлуката на САД за царинските трошоци, нема да има голем импакт врз нашата економија, но ние имаме подготвен план за надминување на ситуацијата
ЕКОНОМИЈА

Влада: Одлуката на САД за царинските трошоци, нема да има голем импакт врз нашата економија, но ние имаме подготвен план за надминување на ситуацијата

Објавено April 3, 2025 14:54
Сподели
Сподели

Во однос на одлуката на САД за царинските трошоци, за нас станува збор за очекувана одлука на американската администрација, која не ја одмина ниту една земја во светот – дури ни Велика Британија, Канада, Европската Унија и уште стотици други држави. Владините тимови веќе некое време ги анализираат можните последици и заедно имаме подготвен план за надминување на ситуацијата. Оваа одлука нема да има голем импакт врз нашата економија, но ние имаме јасен план како понатаму, информираат од Владата.

-Контактите со американската администрација се веќе воспоставени и ќе продолжат на високо ниво, а Владата ќе работи на изнаоѓање решение и на спроведување на планот.

Она што е значајно да се спомене е дека нема потреба од никаква паника, ниту од избрзани реакции и заклучоци. Станува збор за нешто долго најавувано од оваа администрација, и не е одмината ниту една земја – дури ни најстарите и најтрадиционални партнери на САД.

Ова е обид за репреговарање на трговските односи во светот – нешто што беше неопходно и што, иако сега за некои претставува шок, за други ќе значи можност.

Знаеме дека оваа ситуација е шанса за многу луѓе кои не ѝ посакуваат добро на Владата да напаѓаат неосновано и да се обидуваат да нанесуваат штета врз нашиот углед – било поради лични интереси, било поради партиски цели, било поради малодушност. А некои и поради оправдани дилеми – и нив целосно ги разбираме.

Нападите што ги слушаме од првата група споменати – не се ништо ново. Очекувани се, и тие не знаат ништо подобро од тоа. Но ние ќе ги преживееме и нивните напади, и ќе бидеме посилни – ќе се уверите во тоа, додаваат од Влдата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија За трагедиите во Модуларната болница, Ласкарци и Беса транс има нула кривични пријави, вели Тошковски, за Кочани досега две со 34 опфатени лица
Следна Статија Најниската плата во здравството се искачи на 27.000 денари, толку ќе земаат чистачите

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Пензионерите ќе можат да работат без да им се чепка пензијата

Од почетокот на следната година, пензионерите во Македонија ќе можат повторно да се вработат без да се откажат од својата…

October 6, 2025
ЕКОНОМИЈА

Банкарскиот сектор и натаму е сигурен и стабилен, донесена е одлука за унапредување на регулативата за идентификување системски значајни банки

Советот на Народната банка го усвои Извештајот за ризиците во банкарскиот систем на Република Македонија во третиот квартал од 2024…

December 27, 2024
ЕКОНОМИЈА

Ангеловска-Бежоска: Финансиската вклученост на жените – клучен фактор за економски напредок

„Родовата нееднаквост е едно од светските прашања за кои мора постојано да се зборува и да се преземаат активности. Според…

March 10, 2025
ЕКОНОМИЈА

Донесена одлука за времен прекин на исплатите на средствата од ИПАРД програмата

Македонија преку структурите и органите за управување на средствата од ИПА/ИПАРД инструментот на Европската унија донесе одлука за времен прекин…

November 10, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?