Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Народната банка ги предупредува граѓаните: Внимавајте на лажни профили и сомнителни понуди
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Народната банка ги предупредува граѓаните: Внимавајте на лажни профили и сомнителни понуди
ЕКОНОМИЈА

Народната банка ги предупредува граѓаните: Внимавајте на лажни профили и сомнителни понуди

Објавено December 2, 2024 13:00
Сподели
Сподели

Народната банка ги информира граѓаните да бидат внимателни поради зачестената појава на лажни профили, апликации и лица кои, електронски или преку телефонско јавување, се претставуваат како дел од реномирани компании коишто нудат некаков вид помош, посредување, па дури и парични награди, а притоа бараат лични податоци и уплата на средства.

Народната банка апелира до граѓаните да не откриваат лични податоци, ниту, пак, да преземаат активности на барање од непознати лица. Доколку имате добиено или ако во следниов период добиете неочекувани телефонски повици, е-пошта или СМС од сомнителни адреси или телефонски броеви во коишто ви се нуди нешто што не делува реално и вистинито, или ако од вас се бара откривање на личните податоци, не започнувајте комуникација во којашто ќе ги дадете вашите лични податоци или ќе одговорите на барање за трансакција/уплата на ваши средства на некоја банкарска сметка.

Доколку граѓаните добијат телефонски повик или порака преку друго комуникациско средство (електронска пошта или преку социјалните мрежи) од лице за кое се сомневаат дека лажно се претставува во име на Народната бaнка, веднаш да го пријават случајот во Народната банка преку официјалната е-адреса: opstiinfo@nbrm.mk

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Обвинителството истражува кој го запали автомобилот на обвинителот Бајрами
Следна Статија ЕК ја суспендира исплатата на втората транша од Планот за закрепнување за Бугарија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Трошоците на живот во октомври пониски за 0.7%, а цените на мало за 0.1%

Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во октомври во однос на септември годинава, бележи намалување од 0.7, а…

November 7, 2024
ЕКОНОМИЈА

Од успехот на Новогодишната кошница ќе зависи дали Велигденската и Рамазанската ќе одат со акции или со замрзнување на цените

Од успехот на Новогодишната кошница ќе зависи дали Велигденската и Рамазанската кошница ќе одат со акции или, пак, со одлука…

December 30, 2024
ЕКОНОМИЈА

Кражби на струја го доведе селото Св. Петка без струја, тврдат од ЕВН

Kражби и зголемено трошење на струја довело до дефект во енергетската мрежа во скопското село Света Петка, тврдат од Електродистрибуција.…

May 13, 2025
ЕКОНОМИЈА

Вертикозон заврши голема набавка од 20 милијарди долари со потенцијални влијанија врз дивидентите

Големата телекомуникациска компанија го комплетира стратешкиот откуп на Фронтиер со значителни пазарни импликации

January 27, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?