Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Дизелот поскапува, бензинот останува со иста цена
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Дизелот поскапува, бензинот останува со иста цена
ЕКОНОМИЈА

Дизелот поскапува, бензинот останува со иста цена

Објавено September 22, 2025 14:58
Сподели
Сподели

Дизел горивото од ноќеска на полноќ поскапува за половина денар по литар, а цената на бензините останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,26 отсто во споредба со претходната одлука.

Новата малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе биде 69,5 денари за литар. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менуваат и остануваат 75,5 денари на ЕУРОСУПЕР БС – 95, 77,5 денари на ЕУРОСУПЕР БС – 98 и 69 денари на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1).

Со одлуката на РКЕ за 0,207 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 36,947 денари.

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 0,368 отсто, додека кај другите деривати има зголемување и тоа кај дизелот за 2,18 отсто, кај екстра лесното масло за 1,481 и кај мазутот за 1,689 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,6675 отсто.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Казни за возење велосипед или преминување раскрсница со мобилен – стартуваат во петок
Следна Статија Скопјанка ограбена во кафуле, малолетник поминал со тротинет и ја украл чантата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Дали е време да се купи акционерство на Microsoft додека неговата зад-листа расте?

Комерцијалната зад-листа на Microsoft повеќе од двојно пораснала во споредба со минатата година, што укажува на огромна побарувачка за вештачка…

January 31, 2026
ЕКОНОМИЈА

Најмногу слободни места за работа има во градежништвото, хотелиерството и административно услужни дејности

Во второто тримесечје од годинава во Македонија имало 10.323 слободни работни места што е убедлив рекорд во изминативе неколку години,…

September 1, 2025
ЕКОНОМИЈА

Во Буџетот се обезбедени 250 евра за електронски уреди за студентите и финансиска поддршка до 30.000 евра за младите

Фокус на оваа Влада е обезбедување на пристојни услови за живот и успешен образовен процес за студентите и младите. За…

December 12, 2024
ЕКОНОМИЈА

Бежоска − Шиаочин Ју: Светската банка изрази задоволство од напорите на Народната банка за членството на земјава во СЕПА

Светската банка изрази задоволство од приклучувањето на земјава кон Единствената област за плаќање во евра (СЕПА) и од напорите коишто…

March 30, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?