Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Владимир Путин доби писмо од Меланија Трамп за киднапираните деца за време на војната во Украина
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Владимир Путин доби писмо од Меланија Трамп за киднапираните деца за време на војната во Украина
СВЕТ

Владимир Путин доби писмо од Меланија Трамп за киднапираните деца за време на војната во Украина

Објавено August 16, 2025 09:17
Сподели
Сподели

Сопругата на американскиот претседател Доналд Трамп, Меланија, го покрена прашањето за тешката положба на децата во Украина и Русија во писмо до рускиот претседател Владимир Путин. Трамп лично му го предаде писмото на Путин за време на нивниот состанок во Алјаска, изјавија за американски медиуми претставници на Белата куќа.

Меланија Трамп не го придружуваше својот сопруг во Алјаска.

Претставниците на Белата куќа не открија детали за содржината на писмото, но рекоа дека во него се споменува киднапирањето деца за време на војната во Украина.

Киев го нарече киднапирањето на илјадници деца во Русија или на територии окупирани од руските сили без согласност на нивните родители или старатели – воено злосторство што ги исполнува дефинициите на ОН за геноцид.

Москва претходно изјави дека ги штити ранливите деца од воените зони.

Високиот комесар на ОН за човекови права изјави дека Русија предизвикала страдање на милиони украински деца и ги прекршила нивните права од почетокот на нејзината целосна инвазија на Украина во 2022 година.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Откриени се антибиотици против гонереја и супербактеријата МРСА, помогнала вештачката интелигенција
Следна Статија Читачите на усни откриваат што си кажале Путин и Трамп

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Трудо: САД ги одложуваат новите царини за Канада за најмалку 30 дена

САД ќе ја одложат примената на новите царини за канадските производи најмалку 30 дена, соопшти денеска канадскиот премиер Џастин Трудо…

February 4, 2025
СВЕТ

Трамп нареди укинување на федералното финансирање на сите што бараат задолжителна вакцинација на учениците против Ковид-19

Училиштата, колеџите и сојузните американски држави кои бараат од учениците да се вакцинираат против Ковид -19 ризикуваат да го изгубат…

February 15, 2025
СВЕТ

Трамп за Маск: Можеби ќе го депортирам, можеби ќе му го пуштам „DOGE“

Американскиот Сенат денеска е изгласан големиот буџетски закон, протежиран од претседателот Доналд Трамп што повторно ја разгоре кавгата со неговиот…

July 2, 2025
СВЕТ

Работник во Германија земал дури 150.000 евра за прекувремена работа и дежурство- Обвинителството е во неверување

Државното обвинителство во Брауншвајг сомничи вработен за злоупотреба на довербата во градската администрација на Бад Сакса (7.500 жители) во германската…

January 11, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?