Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Откриени се антибиотици против гонереја и супербактеријата МРСА, помогнала вештачката интелигенција
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Откриени се антибиотици против гонереја и супербактеријата МРСА, помогнала вештачката интелигенција
ЗДРАВЈЕ

Откриени се антибиотици против гонереја и супербактеријата МРСА, помогнала вештачката интелигенција

Објавено August 16, 2025 09:13
Сподели
Сподели

Истражувачите од Технолошкиот институт во Масачусетс (МИТ) развија два нови потенцијални антибиотици користејќи вештачка интелигенција (ВИ).

Лековите се насочени кон гонореја и метицилин-резистентен Staphylococcus aureus (MRSA), таканаречен супербактерија, објавува Би-Би-Си.

За разлика од претходните обиди кои се потпираа на пребарување на познати хемикалии, овој пат вештачката интелигенција ги дизајнираше молекулите атом по атом. Тестовите во лабораторија и на животни покажаа дека антибиотиците се ефикасни во борбата против овие инфекции.

Сепак, потребни се уште неколку години клинички испитувања и усовршување пред лековите да им станат достапни на пациентите.

Професорот Џејмс Колинс од МИТ вели дека пристапот би можел да означи „второ златно доба“ во откривањето на нови антибиотици, што е клучно бидејќи прекумерната употреба на постојните лекови води до појава на сè поотпорни бактерии.

Оваа студија, објавена во списанието Cell, тестираше 36 милиони хемиски соединенија, вклучувајќи ги и претходно непознатите, а ВИ беше обучена да разбере како различните молекуларни структури влијаат врз бактериите.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Најплатениот фудбалер во Премиер лигата заработува 2,5 милиони евра месечно
Следна Статија Владимир Путин доби писмо од Меланија Трамп за киднапираните деца за време на војната во Украина

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Укажувањето на д-р Чибишев вроди со плод: Проверено од институциите – нема токсична туна во Македонија!

Експресна реакција на надлежните институции, укажувањето на директорот на Токсикологија д-р Андон Чибишев вроди со плод. -Попладнево разговарав со Директорот…

February 13, 2025

3 работи што епизодата ‘8:00 AM’ на ‘Пит’ ги постигна точно за ВИ во медицината, и една големa грешка

Дали ВИ е навистина 98 проценти точен? Не толку брзо...

January 17, 2026
ЗДРАВЈЕ

Никола Тесла тврдел храната што ја внесуваме влијае на менталните способности

Најпознатиот научник и изумител во една прилика истакнал дека храната е вистински извор на енергија и инспирација. Никола Тесла, еден…

January 23, 2025
ЗДРАВЈЕ

Зошто појадокот е најважниот оброк

Прескокнувањето на појадокот, општо гледано, не се препорачува од лекарите. Предупредувањата говорат дека прескокнувањето на првиот оброк може да доведе…

June 4, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?