Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Клиниката за уво, нос и грло доби опрема што е реткост во регионот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Клиниката за уво, нос и грло доби опрема што е реткост во регионот
ЗДРАВЈЕ

Клиниката за уво, нос и грло доби опрема што е реткост во регионот

Објавено August 1, 2025 14:09
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски и министерот за здравство Азир Алиу денес ја посетија реконструираната Клиника за уво, нос и грло во Скопје, каде од страна на директорот д-р Игор Камшикоски им беа презентирани новите услови и современа медицинска опрема каква, според властите, ретко може да се сретне дури и во регионот.

Во својата изјава, премиерот Мицкоски се заблагодари на сите кои се вклучени во проектот, со акцент на квалитетните услови кои сега им се нудат на пациентите и медицинскиот персонал:

– Можам само да посакам вработените да имаат помалку работа и да се фокусираме на превенција. Но кога пациентите веќе ќе ги користат овие простории, тогаш барем нека добијат пристојни услови – како што сега имаме овде. Благодарение на директорот, на Фондот, министерот, Министерството и вработените, сега имаме, би рекол, европски услови со опрема која е единствена во нашата земја, а реткост и во регионот – изјави премиерот.

Мицкоски ја искористи посетата за да упати честитки до целиот тим и охрабрување да продолжат во иста насока.

– Навистина сакам да им честитам и да им посакам да продолжат да работат во оваа насока. Немам што друго да додадам освен да се придружам на кажаното од министерот и директорот – рече премиерот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Маркетите да не прават трикови оти ограничувањата може да бидат годишни, не неделни или месечни, порача Мицкоски
Следна Статија Потврдена пресудата на Додик. Доби една година затвор и шестгодишна забрана за политички активности

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Од први јули три нови лекови против згрутчување на крвта на позитивната листа

Од први јули на позитивната листа на лекови се ставени три нови лекови против згрутчување на крвта, т.н. антикоагулантни лекови,…

July 7, 2026
ЗДРАВЈЕ

Ако имате висок притисок, од оваа навика мора да се откажете, предупредуваат кардиолозите

Срцевите заболувања со години се водечка причина за смрт кај возрасните, а лекарите посебно ја истакнуваат хипертензијата како еден од…

July 12, 2025
ЗДРАВЈЕ

Алиу: Се разгледува можноста за воведување токсиколошки тестови за здравствените работници

Министерот за здравство Азир Алиу денеска во врска со тоа дали се планира воведување токсиколошки тестови за здравствените работници изјави…

October 14, 2025
ЗДРАВЈЕ

Пациентите со мултипла склероза добиваат полесен пристап до терапија

Денеска во Скопје беше одбележан Денот на мултипла склероза, при што беше најавен почетокот на децентрализацијата на третманот и терапијата…

May 27, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?