Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Забранет е увоз на пилешко од Бразил и на месо од мали преживари од Албанија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Забранет е увоз на пилешко од Бразил и на месо од мали преживари од Албанија
ЗДРАВЈЕ

Забранет е увоз на пилешко од Бразил и на месо од мали преживари од Албанија

Објавено June 10, 2025 13:02
Сподели
Сподели

Донесено е Решение за забрана на увоз на пилешко месо од Бразил поради птичји грип, потврди денеска директорот на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) Оливер Миланов. Решението, како што истакна, е веќе во сила.

Миланов потсети и дека пред пет дена, за спречување на можноста од ширење чума кај малите преживари (PPR), АХВ донесе Решение за забрана за увоз и транзит на живи домашни и диви мали преживари, семе, јајце клетки и емброни од домашни и диви мали преживари, месо од домашни и диви мали праживари, производи и преработки од месо од домашни и диви мали преживари, млеко и производи од млеко од домашни и диви мали преживари, како и нуспроизводи од домашни и диви мали преживари од Албанија каде, во областа Дебар, место Кастриот, на фарма со 200 кози имаше појава на ново жариште на болеста по пријавата на првиот случај во областа Скадар.

Досега, информира директорот, во рамки на контролите што АХВ ги спроведува со полицијата, откриен е и шверц на живи животни.

-Пред пет дена донесовме Решение за забрана за увоз од Албанија поради чума кај малите преживари. Алармирани се полицијата, армијата, сите ветеринарни друштва и официјалните ветеринари кои мора да бидат да бидат претпазлииви. Минатата година болеста ја имаше во Грција, за еден ден беа уништени околу 16 000 грла, но ние успеавме да не дозволиме да се појави кај нас, потенцира директорот.

Одговорајќи на новинарски прашања пред трибината за подигнување на јавната свест за безбедноста на храната, Миланов напомена дека АХВ се доекипира со инспектори.

-Во моментов имаме 186 инспектори. Во АХВ веќе завршија дел од огласите, но ќе имаме уште огласи до крајот на годината додека. Зацртан ни е бројот од уште 50-на инспектори, информира Миланов.

Во однос на храната што ја консумираме, тој уште еднаш нагласи дека е безбедна и најави засилени контроли поради летниот период, особено во туристичките места.

-Никаде во светот и никој не може да гарантира дека јадеме безбедна храна. Граѓаните јадат безбедна храна, сега со зголемување на температурите зголемен е и бројот на туристи и на транзит, а Агенцијата покрај редовните, врши и вонредни надзори. Периодов акцент ќе биде ставен на туристичките места како Струга, Охрид, Преспа, Дојран,…, рече Миланов.  

Во врска со поминатиот рок на производите, дополни, одговорност имаат, пред се, операторите со храна кои мора да ги почитуваат законските и подзаконските акти.

-АХВ по дојава на граѓани, по редовни и вонредни контроли казнува и ја уништува храната со поминат рок, но операторите се должни таа роба заедно со официјален инспектор да ја однесат на соодветните депонии, истакна директорот на АХВ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: 250 евра за студентите за набавка на електронски уреди од септември
Следна Статија Клиничкиот во Скопје ќе се гради веднаш по здравствените установи во Штип, Кичево и Тетово

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Жена со три смртоносни болести беше целосно излечена по револуционерна терапија

ЖЕНА која се бореше со три опасни по живот автоимуни болести повеќе од една деценија се врати во речиси нормален…

April 15, 2026
ЗДРАВЈЕ

Неочекувани симптоми на менопауза за кои ретко се зборува

Менопаузата, природна фаза во животот на жената која обично се јавува на возраст од 45 до 55 години, често се…

April 20, 2025
ЗДРАВЈЕ

Андовски: Во болницата во Кавадарци донирани опрема и медицински материјали од ОМД

Во болницата во Кавадарци се донирани опрема, апаратура и медицински материјали од големо значење за регионот, донација од Обединета македонска…

July 18, 2025
ЗДРАВЈЕ

Нефролозите со порака: Нефрологијата е клучна во здравствената грижа на пациентите во нашата држава

“Гломеруларни болести: Глобална тивка епидемија и хронична бубрежна болест” е темата на која денес се одржа стручна едукативна секција на…

December 3, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?