Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: 250 евра за студентите за набавка на електронски уреди од септември
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: 250 евра за студентите за набавка на електронски уреди од септември
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: 250 евра за студентите за набавка на електронски уреди од септември

Објавено June 10, 2025 12:57
Сподели
Сподели

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денес изјави дека Владата планира ученички стипендии за наредната година, а во однос на новинарското прашање за најавата на Владата за помош на студентите за набавка на електронски уреди, изјави дека во Буџетот се предвидени по 250 евра за електронски уреди

250 евра за електронски уреди. Тие пари се предвидени во буџетот. Процедурата во рамките на Владата, односно Генералниот секретаријат е отпочната. Се дефинираат критериумите и нормално е дека чекаме да отпочне новата студентска година затоа што еден од критериумите е да студентите имаат заверен семестар. И ги чекаме овие бруцоши коишто сега ќе се запишат за да го заверат семестарот и да може да ги добијат тие 250 евра помош од државата за купување на електронски уреди.

Така што веќе во септември месец, јас сум сигурен дека тоа ќе се случи. Така што еве, сите оние коишто, политички партии коишто во паузата од некрофилија, рефлектираат и ваков тип на дилеми во јавноста, еве ја користам оваа прилика да ги разубедам и да им кажам да бидат спокојни. Тоа што ВМРО и оваа Влада ветуваат, во којашто се политичките партии ВРЕДИ, коалицијата ВРЕДИ, политичката партија ЗНАМ и нашата коалиција, тоа што ние го ветуваме, тоа го испорачуваме, но се разбира во зависност од приоритетите, бидејќи многу приоритети има, мора многу дупки и многу лоши работи од минатото да се санираат коишто ги наследивме. За овие година дена мислам дека успеавме многу од тие лоши работи, еден од тие е и овој објект, да ги санираме. Така што мислам дека последната бројка е на приватните и државните универзитети, некаде околу 55 илјади студенти, со заверка на семестар ќе може да ги користат овие 250 евра за набавка на електронски уреди од септември – изјави Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Видео) Детали за пукањето во училиштето во Грац: најмалку осум загинати, телото на напаѓачот пронајдено во тоалетот
Следна Статија Забранет е увоз на пилешко од Бразил и на месо од мали преживари од Албанија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Таравари: Го ризикуваше сопствениот живот за да спаси други, Јован е херој на цела држава и симбол за човечност

Со длабока емоција и бескрајна гордост, ви ја споделувам веста дека Јован Костадинов, храбриот млад човек кој спаси 21 живот…

March 25, 2025
МАКЕДОНИЈА

(ВО ЖИВО) Обраќање на премиерот Мицкоски на Форумот на повратници во државата

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски ќе присуствува на Форумот на повратници во државата при што ќе има свое обраќање. https://www.youtube.com/watch?v=MTJZY217kbk

December 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

ЦУК: Пожарот на Јабланица локализиран

На територијата на државата денеска регистрирани се три пожари на отворено, меѓу кои и пожарот на планината Јабланица, кој е…

March 14, 2026
МАКЕДОНИЈА

(ФОТО) Пет години Единица за интервентна полиција

Единицата за интервентна полиција денеска одбележа пет години од формирањето. Во 2019 година единицата беше формирана со спојување на единиците…

December 27, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?