Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Гаши: Нема веќе протести пред Собрание
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Гаши: Нема веќе протести пред Собрание
МАКЕДОНИЈА

Гаши: Нема веќе протести пред Собрание

Објавено June 3, 2025 09:16
Сподели
Сподели

Во рамките на реформите кои се подготвуваат за безбедност и независно обезбедување во Собранието, спикерот Африм Гаши најави дека со посебен закон, околината на Собранието ќе биде прогласена за безбедносна зона.

Предлог-законот предвидува сериозни ограничувања во периметарот околу Собранието, вклучувајќи целосна забрана за одржување јавни собири, протести, манифестации и летање со дронови. Покрај тоа, ќе се забранат и сите градежни активности и поставување на инсталациона или линиска инфраструктура во дефинираниот безбедносен простор.

Според член 8 од законот, ќе бидат забранети:

Градежни активности;

Поставување на линиска и инсталациона инфраструктура;

Јавни собири, протести и манифестации;

Летање со дронови и други беспилотни летала над Собранието и безбедносната зона.

Со законот се предвидува и укинување на сите претходно одобрени дозволи за градба во оваа зона, како и раскинување на постоечките договори за земјиште во просторот што ќе биде прогласен за безбедносна зона.

Покрај Африм Гаши, предлогот е потпишан и од пратениците Беким Коку, Блерим Беџети, Борислав Крмов, Весна Бендевска, Никола Мицевски и Оливер Спасовски. Надлежно работно тело за разгледување на законот е Комисијата за одбрана и безбедност.

Предлогот доаѓа во период на зголемени политички тензии и зачестени протести, што веќе предизвикува реакции во јавноста и кај граѓанските организации, поради можноста за ограничување на уставно загарантираните права и слободи.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Објавен меморандумот за мир: Русија поставува максимални барања кон Украина
Следна Статија Како Сингапур стана една од најразвиените земји во светот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Таравари: Најновото линеарно зголемување од 2.500 денари за сите вработени во јавниот здравствен сектор – голем чекор напред

Со најновото линеарно зголемување од 2.500 денари за сите вработени во јавниот здравствен сектор направивме уште еден голем чекор напред.…

April 3, 2025
МАКЕДОНИЈА

Забрана за автобуси на патот Тетово-Попова Шапка

Поради обилни врнежи од снег на патниот правец Тетово – Попова Шапка од 09:25 часот се воведува забрана за сообраќај…

January 8, 2026
МАКЕДОНИЈА

Повеќе од 150 македонски државјани затечени во загрозените подрачја ги контактирале амбасадите во Тел Авив, Доха и Абу Даби

Расте бројот на македонски државјани кои пријавуваат дека се затечени во загрозените подрачја на Блискиот Исток. Од Министерството за надворешни…

March 1, 2026
МАКЕДОНИЈА

Утре е Духовденски понеделник, ова се обичаите кои носат благосостојба и среќа

Во понеделникот по неделата на Педесетница, се совршува празнување во чест на Светиот Дух. Тој празник бил востановен од Црквата…

June 8, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?