Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ЗЕМАЛ 50 ИЛЈАДИ ЕВРА ДА ВЛИЈАЕ КАЈ СУДИЈА: Обвинителството поднесе обвинение против Фехми Стафа
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > ЗЕМАЛ 50 ИЛЈАДИ ЕВРА ДА ВЛИЈАЕ КАЈ СУДИЈА: Обвинителството поднесе обвинение против Фехми Стафа
МАКЕДОНИЈА

ЗЕМАЛ 50 ИЛЈАДИ ЕВРА ДА ВЛИЈАЕ КАЈ СУДИЈА: Обвинителството поднесе обвинение против Фехми Стафа

Објавено March 20, 2026 13:40
Сподели
Сподели

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднесе обвинителен акт против Фехми Стафа, осомничен за кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“.

Според обвинението, Стафа во периодот од октомври до 13 декември 2025 година примил вкупно 50.000 евра со намера да посредува и да го искористи своето влијание за да интервенира кај судија во Апелационен суд Скопје, со цел да се донесе одлука што не би смеела да се изврши.

Од Обвинителството информираат дека обвинетиот побарал поголема сума, а дел од парите биле исплатени во два наврати – прво 30.000 евра во октомври, а потоа уште 20.000 евра во декември 2025 година.

Во моментот на приведувањето кај него биле пронајдени 20.000 евра, дел од договорениот износ.

Според истрагата, Стафа бил ангажиран како адвокат на лицето Љупчо Пецов Ѓаволот, кој во тој период бил во бегство. Сомнежите се дека парите биле побарани за да се „среди“ замена на мерката притвор со домашен притвор.

Обвинителството посочува дека поради ризик од влијание врз сведоци и други околности, со обвинителниот акт е доставен и предлог за продолжување на претходно определената мерка.

Според претходно објавени информации, дел од доказите во истрагата вклучуваат и аудио-снимки на кои се споменува судија од Апелација, за кого наводно требало да се изврши влијание.

Случајот предизвика силен јавен интерес, имајќи предвид дека станува збор за поранешен народен правобранител, а обвинението отвора сериозни прашања за евентуално влијание врз судски одлуки

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Муслиманите го слават Рамазан Бајрам
Следна Статија Манасиевски: Секој кој се огрешил пред законот ќе одговара

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Се закануваше со војна, а се уште зема 1500 евра државни пари од Телеком

Профилот ,,Раскажувачот” на Твитер прашува зошто членката на ДУИ која се закануваше со војна и изјавуваше дека ќе ги вади…

December 28, 2024
МАКЕДОНИЈА

Македонија десетта во Европа според процентот на жители со прекумерна тежина

Според Светската здравствена организација, речиси секој трет македонски граѓанин е потежок од нормалното. Со 30,65 проценти жители со тежина над…

September 6, 2025
МАКЕДОНИЈА

Обвинителството отвори случај за токсична пепел во РЕК Битола

Обвинителството отвори случај за одлагањето на пепелта во РЕК Битола, односно дали тоа се врши според прописите, согласно еколошката дозвола. …

April 22, 2025
МАКЕДОНИЈА

Еве каде може да донирате помош за настраданите од поплавите во БИХ

Интензивните врнежи од дожд, кои зафатија делови од Босна и Херцеговина, предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето, одземајќи човечки животи…

October 5, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?