Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Обвинителството отвори случај за токсична пепел во РЕК Битола
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Обвинителството отвори случај за токсична пепел во РЕК Битола
МАКЕДОНИЈА

Обвинителството отвори случај за токсична пепел во РЕК Битола

Објавено April 22, 2025 09:40
Сподели
Сподели

Обвинителството отвори случај за одлагањето на пепелта во РЕК Битола, односно дали тоа се врши според прописите, согласно еколошката дозвола. 

Ова доаѓа откако жителите од овој регион по социјалните медиуми почнаа да објавуваат фотографии од огромен облак од прашина околу РЕК Битола.

Обвинителството на овој случај работи заедно со Државниот инспекторат за животна средина, од каде се вршат испитувањата. Откако Државниот инспекторат за животна средина ќе го заврши целосниот извештај, Обвинителството ќе донесе одлука во врска со овој случај.

„ОЈО Битола издаде наредба до СВР Битола за увид на лице место и утврдување факти за евентуално постоење на кривично дело кое се гони по службена должност. Државниот инспекторат за заштита на животната средина изврши вонреден инспекциски надзор, при што веќе беа утврдени определени недостатоци во однос на мерките за спречување и намалување на емисијата на прашина на одлагалиштето за пепел“, соопштија од ОЈО Битола.

Станува збор за токсична и радиоактивна пепел што се добива при процесот на производство на електрична енергија, која треба да се одлага во касети и да се затрупува со земја. Но, посебно при ветровито време, таа се разнесува низ воздухот, а оваа појава е видлива и од Битола.

Во РЕК Битола веќе се работи на отстранување на пепелта која не е соодветно депонирана.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Нацистички знамиња се појавија во Стокхолм на роденденот на Хитлер
Следна Статија Дуплантис ја освои наградата „Лауреус“ за 2024 година

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

До вчера 27.000 студенти подигнале ваучери за електронски уреди

Повикот за ваучери за студенти за електронски уреди има исклучително добар одѕив. Заклучно со вчера 27.000 студенти ги подигнаа ваучерите,…

November 20, 2025
МАКЕДОНИЈА

Утре сончево, од петок нов пад на температурите

Времето утре ончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, соопшти УХМР.…

July 22, 2026
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски за номинацијата на Лутник: Како Влада имаме пријатели во најмоќната економија во светот, тоа ќе значи позитива и за македонската економија

Господинот Хауард Лутник беше овде во Скопје во Владата каде разговаравме за многу теми. Имаме лично пријателство и очекувам само…

November 20, 2024
МАКЕДОНИЈА

Едвард Џозеф до ЕУ: Не смее да врши притисок врз Скопје без гаранции дека нема да следуваат нови барања

Во рамки на панел-дискусијата „The EU and the Western Balkans: Resolving Unfinished Business Together“, одржана на Дубровник форумот, професорот на…

June 28, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?