Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Муслиманите го слават Рамазан Бајрам
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Муслиманите го слават Рамазан Бајрам
МАКЕДОНИЈА

Муслиманите го слават Рамазан Бајрам

Објавено March 20, 2026 13:33
Сподели
Сподели

Верниците од исламска веросиповед во земјава, како и во целиот свет, денеска го слават празникот Рамазан Бајрам, кој се смета за еден од петте столбови на исламот и празник за духовно и за телесно прочистување.

Рамазан Бајрам доаѓа по едномесечниот строг пост, во кој верниците се воздржуваа од храна и пијалоци од зора до зајдисонце. Во сите џамии, денеска се служи утрински Бајрам-намаз. По утринската молитва, верниците ги посетуваат гробиштата на своите роднини.

Рамазан, деветиот месец во исламскиот календар, е месец кога првите стихови од Куранот му биле откриени на пророкот Мухамед пред повеќе од 1.400 години.

Во текот на Рамазанскиот пост, муслиманските верници се обврзани да даваат садакатул-фитр, милостина на сиромашните. Фитерот треба да се даде пред утринскиот Бајрам-намаз, а ако некој тоа не го направи се обврзува фитерот да го даде во текот на годината.

Рамазан Бајрам е ден кога се сретнува моќта на богатите со слабоста на сиромашните во љубов, милост и правдина. Ден кога сиромашните се радуваат во удобностите на животот, ден кога роднините се сретнуваат во благодет и внимание еден за друг, ден кога муслиманите се соединуваат во молитви и меѓусебни посети, ден кога пријателите ги оживуваат мостовите на љубовта и елементите на блискост, ден кога благородниот дух ги простува грешките на другите и се соединува по разделбата.

По повод празникот, честитка до верниците од исламска вероисповед упати поглаварот на ИВЗ Реисул Улема, Шаќир Фетаи со желби да им бидат прифатени постот, молитвите и добрите дела, да им подари мир во срцата, хармонија во нивните семејства и добрина во нашето општество.

Фитр Бајрам е ден на помирување и зближување. Тоа е ден кога треба да ги отвориме нашите срца, да си простиме еден на друг и да ги зацврстиме семејните и општествените врски. Посетите, честитките и насмевките што ги разменуваме денес се знак на убавите вредности што Исламот ги негува меѓу нас. Да го искористиме овој празник за да размислиме за самите себе и да продолжиме по патот на добрината што го започнавме во Рамазан. Да бидеме луѓе на мирот, правдата и солидарноста во нашите семејства, во нашето општество и каде и да живееме. Нека Алах го направи овој празник извор на мир, благосостојба и среќа за сите – порачува Фетаи во честитката.

Фетаи посочува дека во текот на Рамазан покажавме дека сме силно посветени на подигнувањето на нашето достоинство во сите аспекти: верски, хуман, интелектуален и општествен.

Во текот на целиот месец Рамазан ја покажавме нашата мудрост, зрелост, мир и непоколеблива солидарност. Во овој голем духовен празник се радуваме што триумфиравме над деструктивноста, материјализмот, егоизмот и љубомората. Со тоа му испративме порака на светот дека моралните вредности се највисоката цел на човечката активност. Со чувството на глад и жед му упативме повик на светот за поголема грижа кон човекот. Мирот што го негуваме за време на Рамазан покажа дека човештвото треба да биде посветено на почитување на човечките вредности, избегнувајќи убиства, војни, масакри и геноциди. Исто така се обидовме да се оддалечиме од пороците и злото, покажувајќи дека секое општество треба да се бори против аномалиите што го загрозуваат неговиот живот и младината, како алкохолизмот, проституцијата, наркоманијата, корупцијата и други појави што му штетат на човекот и на општеството. На овој голем празник Фитр Бајрам стоиме гордо пред Семоќниот Алах, надевајќи се на Неговата милост и благослов. Денес ги очекуваме Неговите безгранични награди за нашиот пост, за нашите искрени молитви, за нашите ибадети и за жртвите што ги направивме за време на месецот Рамазан – вели во честитката поглаварот на ИВЗ, Фетаи.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Уапсен директорот на Државниот инспекторат за земјоделие, земал мито од 50.000 евра
Следна Статија ЗЕМАЛ 50 ИЛЈАДИ ЕВРА ДА ВЛИЈАЕ КАЈ СУДИЈА: Обвинителството поднесе обвинение против Фехми Стафа

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

„Ако едно судење чини сто илјади евра, колку чини изгубена матурска вечер?“

Родителите на загинатите деца во пожарот во дискотеката „Пулс“, на последниот марш во Кочани реагираат на коментарите на обвинетите и…

June 7, 2026
МАКЕДОНИЈА

Граѓаните протестираат пред „Силбо“, бараат правда за Фросина Кулакова

Стотици граѓани денеска излегоа на протест на булеварот „Паризански одреди“ во Скопје, кај „Силбо“ изразувајќи го своето незадоволство за сообраќајната…

January 31, 2025
МАКЕДОНИЈА

МВР: Вчера 651 прекршок регистриран преку „Безбеден град“, 585 за пребрзо возење

Преку „Безбеден град“ вчера биле регистрирани 651 прекршок, од кои 585 биле за пребрзо возење. Изречени се вкупно 58 забрани…

February 3, 2026
МАКЕДОНИЈА

Денеска е Бадник – направете ги овие обичаи

Бадник – денот пред Божиќ, 6 јануари е денот со кој веќе започнува Божиќната прослава. Рано наутро се оди во…

January 6, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?