Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Тошковски: Менаџерот на КПУ Затвор Скопје и други вработени ја доживувале институцијата како приватна фирма за туристички услуги
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Тошковски: Менаџерот на КПУ Затвор Скопје и други вработени ја доживувале институцијата како приватна фирма за туристички услуги
МАКЕДОНИЈА

Тошковски: Менаџерот на КПУ Затвор Скопје и други вработени ја доживувале институцијата како приватна фирма за туристички услуги

Објавено February 27, 2025 20:11
Сподели
Сподели

Две лица кои извршувале службени функции во затворот КПУ Затвор Скопје се приведени во денешната акција на полицијата бидејќи за нив има сомневање дека незаконски им овозможувале на осудени лица да излегуваат од установата со полициска придружба до одредени локации каде останувале по 8 до 10 часа, по што исто така со полициско возоло и придружба биле враќани во затворот, информира министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Двете лица се изведени пред судиија на претходна постапка, и според Тошковски, се понатаму е во раце на обвинителството и на судот. МВР, потенцира министерот, ги прибра доказите, ги изврши претресите, ги спроведе лицата и лиши од слобода. Останатиот дел од кривичната постапка е во рацете на судот и обвинителството кои се на потег.

-МВР постапувајќи по наредба на надлежен суд вршеше два претреса на две локации во домовите на лица кои се службени лица во Затворот Скопје поради сомневање дека сториле повеќе кривични дела, тие и уште неколку лица кои се вратени во овој затвор. Менаџерот на затворот и други лица ја доживувале институцијата како трговец поединец или приватно правно лице кое се заминава со туристички услуги заради тоа што незаконито им овозможувале на лица осудени, за кои постои висок безбедносен ризик, да користат привилегии кои по закон не им следуваат, рече министерот Тошковски во Само интервју на Канал 5.

Просто кажано, додаде тој, осум до десет часа спротивно на закон со затворска полиција ги спроведувале до одредени локации, во нивните домови или други локации каде што уживале привилегии.

-Притоа биле чувани од затворските полицајци кои се платени од граѓаните. Тие го користеле ова отстуство од законот и спроведувањето и чувањето од затворската полиција за приватни потреби според документација, а тоа какви се тие потреби ќе биде утврдено дополнително. Тоа не било за здравствени услуги, ниту пак да бидат достапни на органите на прогон, туку за други приватни потреби кои немаат законски основ во македонското законодавство, рече Тошковски.

Ова, додаде, се привилегии кои на одредени лица им било овозможено да ги користат, а мотивите се претпоставува дека се лукративни, но тоа, според министерот, дополнително ќе се утврди. Тој додаде дека со истрагата се опфатени десеттина лица.

МВР вечерва соопшти дека поранешниот директор на КПУ Затвор Скопје Ф.А. и затворскиот полицаец С.К. денеска се приведени поради сомнежи за злоупотреба на службена положба и овозможување бегство на лице лишено од слобода. Тие ќе бидат изнесени пред судија на претходна постапка, а во текот на денов полицијата извршила претреси во нивните домови. Против нив, и уште осум лица се поднесени кривични пријави.

Полициската акција следува откако Управата за извршување санкции спроведе контроли за работењето во казнено-поправните установи и констатира злоупотреби во работењето на некои од раководниот кадар во затворите. Сознанијата за тоа беа доставени до МВР и Обвинителството.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија МВР со детали за големата акција: Екс директор на затвор и затворски полицајци обвинети за бегство на осудени лица
Следна Статија Перински: Ние не можеме повеќе да си дозволиме да бидеме политичари коишто креираат решенија во канцеларии

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Фон дер Лајен на четиридневна турнеја низ Западниот Балкан, утре престојува во Скопје

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска ја започнува четиридневна посета на земјите од Западниот Балкан, во чии…

October 23, 2024
МАКЕДОНИЈА

Саздовска: МВР строго професионално работи, за краток рок ги презеде сите мерки за криминалистичката истрага

Универзитетската професорка по криминалистика, Марина Малиш Саздовска вели дека Министерството за внатрешни работи, во врска со трагичниот настан во Кочани,…

March 19, 2025
МАКЕДОНИЈА

Ѓорѓиевски на средба со Дарко Панчев: Две деветки во напад, сигурна победа

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски денес оствари средба со македонската фудбалска легенда Дарко Панчев. „Две деветки во…

October 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

ЗЕЛС на итен состанок за состојбата со комуналниот отпад во Скопје

Скопските градоначалници се собраа на едно мест, одржан вонредниот состанок на ЗЕЛС кој го побара градоначалникот на Центар Горан Герасимовски.…

October 22, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?