Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: МВР „чешла“ дивоградби во Чаир и Сарај, а ќе проверува и во Кисела Вода и Аеродром
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > МВР „чешла“ дивоградби во Чаир и Сарај, а ќе проверува и во Кисела Вода и Аеродром
МАКЕДОНИЈА

МВР „чешла“ дивоградби во Чаир и Сарај, а ќе проверува и во Кисела Вода и Аеродром

Објавено July 16, 2025 14:31
Сподели
Сподели

Повеќе оддели во рамки на МВР – организиран криминал, крим полиција, СВР Скопје во текот на вчерашниот ден влегле во повеќе општини во рамки на Град Скопје при што постапуваат по конкретни наредби дадени од јавен обвинител, а повразно со бесправна градба, информираше министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Во насока на обезбедување докази за бесправна градба, Тошковски посочи дека е влезено во општините Чаир, Сарај, Аеродром и Кисела Вода.

Не би можел да споделам во овој момент информации во врска со обезбедна документација, но сакам да напоменам дека ова се тековни активности на МВР. Ова не е сега јавноста има интерес за конкретната тема и МВР постапува, туку ова се тековни активности по коишто постапуваме секојдневно, изјави Тошковски, одговарајќи на новинарски прашања по потпишувањето на меморандум за соработка со Црвениот крст.

Секаде, нагласи Тошковски, мора да се постапи согласно закон и доколку се утврди дека станува збор за дивоградби и престатвува ризик за безбедноста на граѓаните, истата ќе биде предмет на уривање.

Прашан дали МВР постапува по пријавите од градоначалничката Данела Арсовска, Тошковски рече МВР постапува во сите предмети во кои добива наредба од Јавното обвинителство или каде имаат соодветни информации и самите преземаат одредени дејствија.

Ова не го говорам заради тоа што е поврзано со темата, која се наметнува во јавноста во последнио период, ова го говорам затоа што е тековна активност на МВР во континуитет. За разлика од претходно предметите не се ставаат во фиоки, туку напротив континуирано и активно се работи и се преземаат дејствија. Факт е дека градоначалничката се што има собрано како доказен материјал го доствува до Јавното обвинителство за организиран криминал и така треба. Јавното обвинителство постапува и дава наредби до МВР, а кое постапува согласно конкретни наредби од јавен обвинител и така треба да функционира едно нормално општество. Секој треба да си ја работи својата работа во рамки на делокругот на работење, изјави Тошковски.

МВР си ја работи работата што ја има во своја надлежност, нагласи Тошковски, посочувајќи дека МВР ниту поднесува обвинение, нити дава градежни дозволи или е комнунален инспектор.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ИСТРАЖУВАЊЕ: 53% од девојчињата и 19% од момчињата на возраст на 15 години имаат депресивно расположение
Следна Статија  Граѓаните почнаа да му пишуваат на министерот Алиу: Доцнење на прегледи и на резултати, скопјани со најмногу поплаки за здравството

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Поранешниот судија Наќе Георгиев излегува од затвор предвреме

Поранешниот судија во Врховниот суд, Наќе Георгиев, кој беше осуден за примање мито, ќе ја напушти затворската ќелија ова лето,…

April 19, 2026
МАКЕДОНИЈА

Силвија Думинуцо од Италија ја бара биолошката мајка во Македонија

Дваесет и седумгодишната Силвија Думинуцо живее во Италија заедно со Енцо и Лилијана Думинуцо кои ја посвоиле во 2003 година.…

May 25, 2025
МАКЕДОНИЈА

Уште колку ќе молчите за трагедијата во „Пулс“, прашаа блиските на жртвите

Родителите на младите кои трагично загинаа во пожарот во дискотеката „Пулс“ вчера по 21 пат излегоа на улиците на Кочани,…

September 7, 2025
МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Еве како свештеник ги смири гневните граѓани во Кочани

Жители на Кочани, изреволтирани и гневни по вчерашната трагедија, денес излегоа на улиците во градот. Кога дел од присутните на…

March 17, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?