Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ИСТРАЖУВАЊЕ: 53% од девојчињата и 19% од момчињата на возраст на 15 години имаат депресивно расположение
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > ИСТРАЖУВАЊЕ: 53% од девојчињата и 19% од момчињата на возраст на 15 години имаат депресивно расположение
ЗДРАВЈЕ

ИСТРАЖУВАЊЕ: 53% од девојчињата и 19% од момчињата на возраст на 15 години имаат депресивно расположение

Објавено July 16, 2025 14:27
Сподели
Сподели

Асоцијација за здравствена едукација и истражување- ХЕРА, ги информира граѓаните од Општина Центар и основните учлиштата дека услугите поврзани со психосоцијална поддршка, превенција од дроги, професионални советувања за ментално здравје, како и превенција и заштита од насилство, се достапни бесплатно согласно договорот кој е потпишан со Општина Центар. Услугите се достапни секој работен ден од понеделник до петок, во однапред закажан термин, за сите граѓани вклучително и младите, учениците, наставниците, родителите кои се соочуваат со предизвиците на секојдневието.

Како симболичен гест и во име на одбележувањето на 25 годишнината на ХЕРА, се изработи мурал од уметникот Ненад Тонкин. Муралот претставува симбол на охрабрување, поддршка и солидарност против врсничко и семејно насилство, а воедно поттикнува на дијалог и активно делување за создавање безбедна и поддржувачка училишна средина.

Благодарни сме на основното општинско училиште„Кочо Рацин” од општина Центар, за отстапениот простор каде освен пораката од муралот стои и контакт телефон каде може сите деца, родители, наставници да побараат стручна помош и поддршка во справувањето со врсничко насилство како и други предизвици со металното здравје.

„Врсничкото насилство остава длабоки последици врз менталното здравје на младите. Сè почесто се соочуваме со случаи на анксиозност, депресија и изолираност кај деца и адолесценти, предизвикани од навреди, исклучување или насилство од врсниците – како во училиште, така и онлајн. 53% од девојчињата и 19% од момчињата на возраст на 15 години имаат депресивно расположение, покажуваат податоците од ХБСЦ студијата. Потребна е заедничка акција од родителите, училиштата и институциите за да се создаде безбедна и поддржувачка средина, каде младите ќе се чувствуваат прифатени и ќе добијат навремена психосоцијална поддршка. Менталното здравје не е луксуз, туку право на секое дете. Апел до младите, молкот не е одговор, сподели и побарај поддршка кога ти е потребно!”
„Стручните служби во училиштата континуирано работат со ученици и родители согласно внатрешните процедури, но кога е потребна терапевтска интервенција, постоечките ресурси не секогаш се доволни. Со вклучување на советувалиштата на ХЕРА – кои се дел од системот на социјална заштита – училиштата добиваат дополнителна поддршка за случаи кога учениците, семејствата или старателите имаат зголемени потреби“, истакна Ана Попризова, психотерапевтка и училиштен психолог.

„Нашата цел е да создадеме амбиент на сигурност за целосен развој на нашите деца за да можат да ги реализираат своите потенцијали во вистинска насока – тоа е радост, среќа, љубов, разбирање и поддршка. Со оваа порака создаваме визуелна и модерна комуникација, достапна за сите на кои им е потребна. Приказната која ја презентираме е мотив да се помогне и отворено да се говори за ситуации и случувања на кои секојдневно работи и тимот на стручната служба во воспитно-образовниот процес“ изјави Гордана Јаневска, директорка на ООУ „Кочо Рацин“.
ХЕРА продолжува со својата мисија за унапредување на менталното здравје и борба против родово базираното насилство, преку соработка со локалните самоуправи, училиштата и заедницата.

За повеќе информации и закажување термини, граѓаните можат да се обратат во советувалиштата на ХЕРА:
1. Прв семеен центар
🕘 Отворен: понеделник, среда и петок (09:00–16:00); вторник и четврток (12:00–19:00)
📞 Телефон: 02/3200 007, +389 70 249 596
📧 Е-пошта: infopsc@hera.org.mk
2. Центар за поддршка и советување на момчиња и мажи- ММ центар
🕘 Отворен: вторник до четврток (10:00–17:00)
📞 Телефон: +389 70 299 026
3. Советувалиште за превенција од употреба на алкохол и дроги во Младински центар „Сакам да знам”- Водно
📞 Телефон: +389 2 3176 950

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Тошковски: За пожарите досега приведени околку 20 лица, за дел има основани сомненија дека се организирана група
Следна Статија МВР „чешла“ дивоградби во Чаир и Сарај, а ќе проверува и во Кисела Вода и Аеродром

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Системот „Мој термин“ повторно е во функција

Утринава во функција е електронскиот систем за закажување прегледи „Мој термин“, кој вчера не работеше. Системот е во функција од…

September 10, 2025
ЗДРАВЈЕ

Нема утврдено пропусти при лекувањето на детето од Свети Николе, кое почина на Детска клиника

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) изврши вонредни инспекциски надзори во врска со починатото дете Н.А. од село Пеширово, Општина…

January 18, 2025
ЗДРАВЈЕ

Пановски со апел: Лажни се видеата – не купујте производ што наводно јас го рекламирам!

Микробиологот, професор и доктор Никола Пановски преку објава на Фејсбук предупреди дека повторно се шират лажни видеа и реклами со…

December 26, 2025
ЗДРАВЈЕ

ЕУ ќе се бори против прекумерната употреба на антибиотици

Европската унија треба да преземе итни и одлучни мерки во борбата против отпорноста на антимикробните агенси, оцени денеска Европскиот центар…

November 18, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?