Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Тошковски: За пожарите досега приведени околку 20 лица, за дел има основани сомненија дека се организирана група
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Тошковски: За пожарите досега приведени околку 20 лица, за дел има основани сомненија дека се организирана група
МАКЕДОНИЈА

Тошковски: За пожарите досега приведени околку 20 лица, за дел има основани сомненија дека се организирана група

Објавено July 16, 2025 13:18
Сподели
Сподели

Државата годинава покажува дека можело многу поинаку да се даде одговор на сите предизвици со пожарите. Согласно она што го имам денеска како информација во рамки на оперативна акција преземена во врска со пожарите досега се лишени од слобода околку 20 лица. Дел беа во куќен, дел во ефективен притвор, а дел пуштени на слобода поради тоа што беа малолетници, вели министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. 

МВР, нагласи Тошковски има директни докази дека дел од пожарите се подметнати, а имаме и соодветни докази поврзани со организирани структура.

-Оние кои што беа пиромани и кои индивидуално постапуваа во рамки на палење на пожари ги фативме. Не сите, но фативме добар дел од нив. Но оние кои што организирано, особено првиот ден кога настанаа огромен број пожари околу Скопје и имаше многу симптоматична и временска и подрачна појава на пожарите околу витални објекти од значење на државата, во однос на тие пожари имаме основани сомненија дека станува збор за организирана група која што ќе видиме понатаму која и била целта, изјави Тошковски, одговарајќи на новинарски прашања по потпишувањето на Меморандум за соработка со Црвениот крст. 

Според Тошковски Владата навреме презеде мерки и донесе наредба за забрана за движење во шуми и има ефекти, без разлика, што како што вели „ова лето е можеби најжешко од аспект на сувост на вегетацијата“ и дека граѓаните тоа може да го видат.

– Мислам дека одговорот што го имаме е далеку поразличен од тоа што државата го имала како одговор во минатото и тоа е видливо на терен. Видливо на терен е од аспект на сили кои што ги имаме, од аспект на механизација и дејствија што ги презема Владата, навреме донесе забрана за движење во шуми и сето тоа дава резултат за разлика од претходно, изјави Тошковски.  

Целта на МВР, нагласи Тошковски, е да покаже дека државата навистина функционира и дека институциите за разлика од порано си ја работат работата, дека луѓето се посветени на тоа што им е работа и дека навистина сакаме да изградиме Македонија која ќе биде не само територијално дел од ЕУ и европските вредности, туку Македонија која ќе биде суштински со европски вредности во рамки на секојдневното функционирање.

– Не е битно што говорат политичарите, колку што се битни се делата на институциите. Тоа е она што треба да биде видливо и да даде додадена вредност за државата. Доколку институциите остават дела зад себе, од аспект на функционалност, професионалност и навременост, тогаш сите македонски граѓани подобро ќе се чувствуваат и ќе имаат подобар живот во Македонија, изјави Тошковски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Царината заплени над 5 илјади фалсификувани „Епл“ маски за телефон
Следна Статија ИСТРАЖУВАЊЕ: 53% од девојчињата и 19% од момчињата на возраст на 15 години имаат депресивно расположение

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Ново откритрие на македонските археолози – родниот град на Евридика, бабата на Александар Македонски

Во близина на битолското село Црнобуки археолозите открија остатоци од одамна изгубен антички град. Артефактите пронајдени на локацијата го датираат…

April 21, 2025
МАКЕДОНИЈА

Николоски: Четири милиони патници годишно во авиосообраќајот е реално остварливо

Авиокомпанијата „Визер“ ја прошири својата база во Скопје со седми авион со што Скопскиот аеродром се вброи меѓу првите бази…

July 21, 2026
МАКЕДОНИЈА

Директорот на „Дрисла“ на распит

По сомнежите за намерно палење на депонијата Дрисла во момнетот повикани се на разговор во СВР Скопје повеќе лица вработени…

September 13, 2025
МАКЕДОНИЈА

Хаварија во Пинтија, од резервоар на приватен објект се излеале хемикалии

Во населбата Пинтија во Кисела Вода денеска од резервоар на објект на приватна компанија за производство на стиропор изграден во…

May 15, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?