Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Маријан Илич, една од седумте најбогати жени во светот: Ги сакам Македонците, добро го зборувам јазикот, јас сум горда Македонка
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Маријан Илич, една од седумте најбогати жени во светот: Ги сакам Македонците, добро го зборувам јазикот, јас сум горда Македонка
МАКЕДОНИЈА

Маријан Илич, една од седумте најбогати жени во светот: Ги сакам Македонците, добро го зборувам јазикот, јас сум горда Македонка

Објавено September 28, 2025 10:24
Сподели
Сподели

Најбогатата Македонка во Детроит, 92-годишната Маријан Илич ја доби наградата „Ќерка на Македонија“ на гала вечерта по повод 20-годишниот јубилеј на Обединетата македонска дијаспора – ОМД, што се одржа во Детроит, на која присуствуваше и претседателката Гордана Сиљановска – Давкова.

– Ги сакам Македонците, добро го зборувам јазикот, но често имаме забавни случки со нашите деца бидејќи не го знаат македонскиот јазик и многу често ме прашуваат како се кажува ова, како се кажува она и јас им одговарам. Јас сум горда што сум Македонка, навистина сум горда…ние сме добри луѓе, рече Илич на доделувањето на наградата.

Таа истакна дека има прекрасен живот и на присутните Македонци, кои по повод јубилејот на ОМД и присуството на македонската делегација предводена од претседателката Сиљановска – Давкова пристигнаа од различни делови на Америка, им порача дека треба да бидат со крената глава.

-Сите вие овде, секој еден од вас, треба да сте среќни за вашите семејства, да бидете со крената глава. Многу не знаат каде е Македонија. Мајка ми е од Буф, татко ми е од Битола, сум била кај моите баби и дедовци, таму е прекрасно, истакна Илич, додавајќи дека нејзините деца сакаат годинава повторно да ја посетат нашата држава.

Како што јави известувачот на МИА, таа ја сподели приказната за нејзините родители, како се случила нивната венчавка во Америка и дека од нив го научила македонскиот јазик.

– На времето мајка ми требало да се венча за друг, но кога го разбрал тоа татко ми, веднаш дошол во Мичиген и успеал да ја спречи венчавката, а потоа се оженил со неа, рече Илич.

Маријан Бајоф Илич, родена во Мичиген, САД, е македонско-американска стопанственичка, која заедно со својот сопруг Мајк Илич е основач на популарниот американски мултинационален синџир на пицерии „Литл Цезарс Пица“ со 4.000 ресторани за брза храна низ целиот свет.

Осврнувајќи се на бизнисот со сопругот, таа на шега рече дека единственото нешто што не им текнало е да го прошират и кај нас. – Ќе треба да ја однесам екипата на мојот сопруг во Македонија за да ги донесеме Цезар пиците таму, рече Илич.

Според Блумберг, таа е една од седумте најбогати жени во светот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Молдавија денеска на историски избори- мртва трка меѓу проевропскиот и прорускиот блок
Следна Статија Трајко Вељаноски: Не вреди разговор за „црвени линии“ без одговорност за тие што го погазија македонскиот идентитет

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Стартува кампањата „0% корупција – Ајде да е вистина!“

Денеска официјално беше најавена кампањата „0% корупција – Ајде да е вистина!“, која има за цел да ја зголеми јавната…

June 12, 2025
МАКЕДОНИЈА

Туфегџиќ до СДСМ: „На ден на годишнина од трагедијата се занимавате со Шилегов – станавте партија за жалење“

Адвокатот Владимир Туфегџиќ остро реагираше кон СДСМ по одлуката за исклучување на Петре Шилегов, посочувајќи дека ваквиот потег е несоодветен,…

March 17, 2026
МАКЕДОНИЈА

Почнуваат пообилни врнежи од дожд и од снег

Под влијание на влажен воздушен бран од Медитеранот од денес попладне (вторник 23 декември) па до четврток (25 декември) во…

December 23, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Стапката на сиромаштија бележи намалување

Во текот на денешната посета на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство – Скопје, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски одговарајќи…

December 29, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?