Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Трајко Вељаноски: Не вреди разговор за „црвени линии“ без одговорност за тие што го погазија македонскиот идентитет
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Трајко Вељаноски: Не вреди разговор за „црвени линии“ без одговорност за тие што го погазија македонскиот идентитет
МАКЕДОНИЈА

Трајко Вељаноски: Не вреди разговор за „црвени линии“ без одговорност за тие што го погазија македонскиот идентитет

Објавено September 28, 2025 10:52
Сподели
Сподели

на македонскиот идентитет и интереси со утврдени црвени линии во резолуција изгласана во македонското Собрание, сè додека првин нема одговорност за лицата кои спротивно на резолуцијата изгласана во Македонското Собрание на 3 ноември 2008 година (за спорот со Грција), референдумот од 30 септември 2018 година и резолуцијата изгласана во македонското Собрание на 29 јули 2021 година (за спорот со Бугарија) ги погазија македонскиот идентитет и интереси”.

Ова на Фејсбук го напиша Трајко Вељаноски, поранешен претседател на македонскиот парламент.

Како што е познато, претседателот на СДСМ, Венко Филипче, деновиве ја претстави предлог-резолуцијата за т.н. „црвени линии“ на Македонија во односите со Бугарија. Документот беше промовиран како „државнички одговор“ на долгогодишниот спор со Софија и како обид да се дефинираат јасни позиции на земјата во процесот на европските интеграции. Со него, според СДСМ, се предвидува заштита на македонскиот идентитет, јазикот и историјата, како клучни теми околу кои нема отстапки.

Водечки личности на ВМРО-ДПМНЕ изјавија дека документот на Филипче не содржи никакви конкретни „црвени линии“ и дека е празен акт без политичка тежина. Според нив, тоа е само обид за дневно-политички маркетинг, без суштински последици во преговорите со Бугарија. Опозицијата дополнително потсети дека резолуции од ваков тип веќе се донесени во Собранието, но дека тие не влијаеле на ставовите на Софија.

Така, во јули 2021 година, а Собранието усвои Резолуција со која беа утврдени државните позиции во спорот со Бугарија. Документот беше предложен од тогаш опозициската ВМРО-ДПМНЕ, но со усогласен текст кој претходно беше координиран со владејачките партии и усвоен со широка поддршка – над 90 гласа „за“. Целта беше Собранието, како највисок законодавен дом, да испрати јасна порака за националните интереси во процесот на евроинтеграциите.

Резолуцијата ги утврдуваше „црвените линии“ во однос на македонскиот јазик, идентитет и историја. Таа нагласуваше дека македонскиот јазик и идентитет се недвосмислени и неприкосновени, и дека тие не може да бидат предмет на преговори со Бугарија или со кој било друг меѓународен партнер. Со ова се сакаше да се обезбеди правна и политичка рамка за македонските преговарачи, во услови кога Софија го блокираше отворањето на пристапните преговори.

Овој документ претставуваше редок пример на широк политички консензус во Македонија околу националните прашања. Тој беше поздравен од повеќе страни во јавноста како чекор кон заштита на државните интереси, иако критичарите предупредуваа дека ќе има ограничено влијание врз ставовите на Бугарија.

Тогашната македонска власт самата ги погази сопствените „црвени линии“, а Македонија и натаму е блокирана од Бугарија поради историографски и јазични спорови.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Маријан Илич, една од седумте најбогати жени во светот: Ги сакам Македонците, добро го зборувам јазикот, јас сум горда Македонка
Следна Статија Пипен: Јокиќ никогаш немаше да доминира во НБА во 90-тите

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Кандидат за ректор на државен универзитет во средно поминувал со двојки

Беким Фетаји е редовен професор на Факултетот за информатички науки при Универзитетот „Мајка Тереза“, а Блерим Саити е редовен професор…

March 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Ќе направиме сѐ што е потребно за економски и социјален препород на Кочани

Сѐ што е потребно за економски и социјален препород на Кочани, ние како Влада ќе го ставиме во нашите врвни…

March 27, 2025
МАКЕДОНИЈА

Британска амбасада: Со потпишувањето на новото партнерство почнува нова ера во односите меѓу двете земји

Со потпишувањето на партнерството  Влада со Влада се одбележува нова ера во односите меѓу Велика Британија и Македонија, што ќе ја зголеми…

May 23, 2025
МАКЕДОНИЈА

Eвропскиот парламент го усвои извештајот за Македонија без „македонски јазик и идентитет“

Европскиот парламент го усвои извештајот за напредокот на Македонија,  а по бугарско-грчките лобирања и притисоци од финалната верзија беа отстранети…

July 9, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?