Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Фондот за здравство најави мерки: Околу 477.000 луѓе имаат бесплатно здравствено осигурување, а работат во сива економија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Фондот за здравство најави мерки: Околу 477.000 луѓе имаат бесплатно здравствено осигурување, а работат во сива економија
ЗДРАВЈЕ

Фондот за здравство најави мерки: Околу 477.000 луѓе имаат бесплатно здравствено осигурување, а работат во сива економија

Објавено October 31, 2025 13:08
Сподели
Сподели

Започнат е процес на преоценување на критериумите за здравствено осигурување, на иницијатива на Фондот за здравствено осигурување на Македонија, а со одлука на Владата на Македонија.

„Македонија има еден од највклучувачките закони кои обезбедуваат основ за здравствено осигурување за секој еден граѓанин, бидејќи целта е универзално здравствено осигурување за сите,“ соопшти директорот на Фондот, Сашо Клековски.

Во моментов во Фондот има 1.845.007 осигуреници.

„Целта на преоценувањето е да се намали ризикот од злоупотреба и посебен фокус е основот за осигурување за ‘лица со пониски и повисоки примања, а не се вработени (невработени лица)’. По тој основ се осигурани околу 477.000 луѓе,“ соопшти Фондот.

Целта за овој основ е да се опфатат не само активните баратели на работа, се вели во соопштението, туку и лицата кои не се формално вработени. Ризикот од злоупотреба, додава Фондот, се луѓе кои неформално работат во сива економија и луѓе кои живеат или приходите им се во странство.

И едните и другите немаат регистрирани приходи во земјата и се квалификуваат за бесплатна здравствена заштита, се наведува во соопштението.

„Поради тоа Фондот трпи штети и по основ на приходи за здравствено осигурување и по основ на повеќе исплатени капитации зашто бројот на осигуреници е основ за плаќање на матичните лекари. Основниот проблем е сивата економија и затоа процесот го води работна група која покрај Фондот го вклучува Министерството за здравство, Министерството за финансии и Управа за јавни приходи, а по потреба се консултира Министерството за внатрешни работи,“ додава Клековски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Скопје е будно и подготвено за промени: Ѓорѓиевски повика на масовна излезеност во недела, а од понеделник започнуваме со темелни промени
Следна Статија Мицкоски: Карпошани избраа да не поддржат човек кој е на црната листа на САД

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Мемеди: Во стабилна состојба детето затруено со таблети, продолжува неговата опсервација

Продолжува опсервацијата на петгодишното дете од Делчево, кое синоќа проголтало две таблети антидепресив за возрасни и потоа било примено на…

March 4, 2025
ЗДРАВЈЕ

Еден од најголемите експерти во фетална медицина Николаидес Кипрос ќе едуцира доктори на ГАК

Проф. Д-р Николаидес Кипрос за првпат во Македонија ќе едуцира доктори на Клиниката за гинекологија и акушерство. Како што информираа…

May 20, 2025
ЗДРАВЈЕ

Доктор Даниловски за комарците: Не се толку проблем здодевните убоди и чешањето, туку заразните болести

Познатиот доктор епидемиологот и професор Драган Даниловски нотира дека и ова лето комарците се во офанзива и потсетува дека станува збор за…

August 13, 2025
ЗДРАВЈЕ

Наместо да се бара рефундација „клексан“ ќе може да се подигне со рецепт во аптеките

Наместо да се бара рефундација, антикоагулансот „клексан“ ќе може да се подигне на рецепт во аптеките, најави директорот на Фондот…

February 14, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?