Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Скопје е будно и подготвено за промени: Ѓорѓиевски повика на масовна излезеност во недела, а од понеделник започнуваме со темелни промени
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Скопје е будно и подготвено за промени: Ѓорѓиевски повика на масовна излезеност во недела, а од понеделник започнуваме со темелни промени
ПОЛИТИКА

Скопје е будно и подготвено за промени: Ѓорѓиевски повика на масовна излезеност во недела, а од понеделник започнуваме со темелни промени

Објавено October 31, 2025 13:06
Сподели
Сподели

Почитувани сограѓани, денеска ја финишираме кампањата од овој втор круг овде во Центар, каде со центарци ќе имаме можност да поразговараме истите оние потешкотии и проблеми со кои се соочуваат, изјави кандидатот за градоначалник на Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски.

Тој нагласи дека оваа кампања била вистинска можност да се сретне со граѓаните не само во Центар и Кисела Вода, туку и со скопјани од сите делови на градот, за подобро да се согледаат проблемите со кои се соочуваат и дека е среќен што „Скопје конечно е будно и спремно за промени“.

-Оваа кампања беше вистинска можност да се сретнам со граѓаните, не само во Центар, не само во Кисела Вода туку со граѓаните од цело наше Скопје, да ги видиме проблемите со кои реално сите живееме години наназад. Проблемите со нефункционалноста на јавните претпријатија, проекти кои повеќе децении чекаат да бидат реализирани, но не само проектите, граѓаните ги очекуваат, но понудивме нов концепт и стратегија со која Скопје заеднички ќе го менуваме наредните четири години. Среќен сум што Скопје конечно е будно, скопјани се спремни за промени, не само за Скопје туку промени токму овде во Центар каде што се наоѓаме, верувам дека јасно и недвосмислено г-динот Лабудовиќ ќе ја добие поддршката од нашите сограѓани, рече Ѓорѓиевси.

-Повикувам на масовна излезеност во недела, на масовна референдумска излезеност, што е можно повеќе граѓани да излезат на гласање. Од понеделник ги засукуваме ракавите и започнуваме со темелни промени на нашиот главен град, порача Ѓорѓиевски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Условна казна за едниот од напаѓачите на градоначалничката Арсовска
Следна Статија Фондот за здравство најави мерки: Околу 477.000 луѓе имаат бесплатно здравствено осигурување, а работат во сива економија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

СДСМ: Резолуција, лажни анкети и лажни вести, паника од темата „мигранти за пари“

Темата „мигранти за пари“ и објавувањето на вистината за криминалните тендери создаде огромна паника кај ВМРО-ДПМНЕ, велат од СДСМ. Во…

December 21, 2025
ПОЛИТИКА

Мицкоски: Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ изградија и реконструира патишта во должина од над 770 километри, направени се речиси 47 километри нови водоводи, модернизирани над 400 училишта

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната промоција на на кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ се осврна на тоа што…

September 27, 2025
ПОЛИТИКА

Сиљановска-Давкова: Да се размисли за ограничување на градоначалничкиот мандат на двa мандата

Локалните избори беа сосема во ред, како што треба да бидат по 30 години. Ме изненади малиот број кандидатки, очекував…

November 4, 2025
ПОЛИТИКА

Мицкоски од Брвеница: На 2 ноевмри да гласаме за број 9 за сите кои работат за иднината на Македонија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, даде изјава од Брвеница, во рамки на вториот круг од локалните избори закажани за 2…

October 26, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?